Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Никола Маџиров




Никола Маџиров е роден 27.05.1973 во Струмица. Објавува поезија, есеи и преводи. За поетската збирка Заклучени во градот (1999) ја добил наградата за дебитантска книга Студентски збор, а за Некаде никаде (1999) наградата Ацо Караманов. Во 2004 година ја објавува збирката собрани песни Во градот, некаде. За поезијата од неговата најнова поетска книга Преместен камен (2007) ја добива европската награда Хуберт Бурда, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на осумнаесет јазици и објавувана во избори и антологии во земјава и странство. Координатор е за Македонија на интернационалната поетска мрежа Lyrikline. Според неговата поезија снимени се два краткометражни филмови во Софија и Загреб. Бил учесник на повеќе интернационални поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии (KultuKontakt; Internationales Haus der Autoren Graz; LiteraturHause NÖ). Живее и работи како уредник, книжевник и преведувач.

контакт:

nikolamadzirov@yahoo.com


Книги од Никола Маџиров во издание на Блесок:


thumb

Заклучени во градот

Поезија од Никола Маџиров, еКнига, на македонски.


thumb

Locked in the City

Поезија од Никола Маџиров, еКнига, на англиски.

Превод: Македонка Божиновска. 
Уредила: Елизабета Баковска.


thumb

Låst inde i byen

Поезија од Никола Маџиров, еКнига, на дански.

Превод: Дит Стеинсбел.


thumb

Bajo llave en la ciudad

Поезија од Никола Маџиров, еКнига, на шпански.

Редакција: Антонио Порпета.
Препев од македонски: Виолета Јагев.




Блесок бр. 09, јуни-јули, 1999
      поезија: Дојдов од друг свет

Блесок бр. 50, септември-октомври, 2006
      галерија, осврти: Оддалечување заради блискост

Блесок бр. 54, мај-јуни, 2007
      поезија: од „Преместен камен“






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+