Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Димитар Солев




раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, критичар, преведувач. Роден е во Скопје на 24 мај 1930 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Македонската телевизија и на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Бил уредник на списанието „Млада литература“. Долгогодишен уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1956 година. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на делата: Окопнети снегови (раскази, 1956), Под усвитеност (роман, 1957), По реката и спроти неа (раскази, 1960), Ограда (раскази, 1963), Кратката пролет на Моно Самоников (роман, 1964), Зима на слободата (раскази, 1968),
Слово за Игора (раскази, 1969), Кво вадис скриптор (есеи, 1970), Полжави (раскази, 1975), Дрен (роман, 1980), Зора зад аголот (роман, 1984), Црно огледало (раскази, 1985), Дублер (роман, 1988), Одумирање на државата (раскази, 1990), Промена на системот (раскази, 1993), Мртва трка (роман, 1998). Драмски (радио и тв) текстови: Пушка в езеро (1996), Бамја или Хибискус есцулентус (1967), Патот на сенката (1968), Девственици (1969), Мртва стража (1969). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“, Книга на годината за 1990 година.
Почина во Скопје, во 2003 година.



Блесок бр. 09, јуни-јули, 1999
      проза: Промена на системот

Блесок бр. 27, јули-август, 2002
      проза: Ни ден без ред






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+