Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Фиона Сампсон




Фиона Сампсон (р.1963, Велс, Велика Британија) е поетеса, писателка, книжевна критичарка и есеистка. Уредничка е на Orient Express (ревија посветена на книжевни прилози од новопримените земји во Европската Унија), како и на реномираното британско списание за поезија Poetry Review.

Авторка е на книгите: Picasso's Men (Phoenix Press, 1994), The Self On The Page (Jessica Kingsley, 1998, 2002; хебрејско издание: Ach, 2002), The Healing Word (The Poetry Society, 1999), Folding The Real (Seren, 2001; романско издание: Ed. Paralela 45, 2004), Патувачки дневник (Книжевна академија, 2004), Evening Brings Everything Back (превод на поезијата на Јан Каплински, Bloodaxe, 2004), A Fine Line: New Poetry from East and Central Europe (заедно со Жан Боазе-Баер и Александра Бухлер: Arc, 2004), памфлетот Hotel Casino (Aark Arts, 2004), The Distance Between Us (Seren, 2005; романско издание: Distanta dintre noi, Ed. Vinea, 2005; македонско издание: Далечината меѓу нас, Магор, 2005), памфлетот Setting the Echo (Arts Council of England/Addenbrooke's Hospital, 2005) и Writing: Self and Reflexivity (со Силија Хант: Palgrave-Macmillan, 2005).

По кратка кариера како концертна виолинистка, се образувала на универзитетите Оксфорд и Нијменген. Често објавува есеи и рецензии, а има пишувано и за радио и јавни манифестации. Преведена е на повеќе од 15 јазици. Добитничка е на низа награди, меѓу кои на Златен прстен за интернационална книжевност (Македонска фондација за култура и наука, 2003), на АХРБ стипендија за креативни и сценски уметности (2002-2005), на наградата Нјудигејт, како и на признанија од Културните совети на Англија и на Велс, и од британското Друштво на писатели.



Блесок бр. 47, март-април, 2006
      поезија: Велосипедска музика

Блесок бр. 57, ноември-декември, 2007
      поезија: Нурнување






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+