Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Тарек Елтаеб




Тарек Елтаеб е роден во 1959 година во Каиро, од родители со суданско потекло. Во родниот град го завршува основното и средното образование и дипломира на Факултетот за трговија во 1981 година.
Од 1984 година живее и работи во Виена, каде што и докторирал економски и социјални науки. Денес работи како професор на Универзитетот за административни работи во Кремс, Австрија.
Пишува на германски и арапски. Книжевните текстови ги објавува во голем број европски и арапски списанија.
Учесник е на бројни меѓународни книжевни фестивали: Маастрихт, Лемберг, Даблин, Виена, Дорнбрн, Струга, Поиетје...
Автор е на два романи (Градови без палми, 1992; Куќата на палмите, 2006), неколку збирки поезија, една драма и една книга раскази. Делата му се објавени во Египет, Австрија, Франција и Македонија (избор од поезијата, Камен поголем од небото, СВП 2005, едиција Плејади).

www.eltaeb.at



Блесок бр. 50, септември-октомври, 2006
      проза: Куќата на палмите

Блесок бр. 55, јули-август, 2007
      поезија: Чекорење во сенка






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+