Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Предраг Луциќ




Предраг Луциќ е роден на 12 февруари 1964 во Сплит.
Основно и средно училиште (нешто слично на гимназија) завршил во Сплит.
Студирал театарска и радио режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Ги положил двата дипломски испити, а сепак останал апсолвент.
Режирал во Белград, Сплит и Тузла.
На Сплитско лето 1987 година го направил фестивалскиот весник Summer Times.
Од јануари 1985 повремено соработува во Ферал, сатирички додаток на Неделна Далмација.
Од 1988 до денес е постојан автор на Ферал.
Од истата година во Омладинска искра ја пишува колумната „Поинаку млад“, ја уредува културната рубрика и заебантскиот подлисток Le Spizd.
Во Неделна Далмација во 1989 почнува да работи како новинар, а со Виктор Иванчиќ и Борис Дежуловиќ го прошируваат Ферал, кој тогаш го добива своето полно име Feral Tribune. Есента 1990 со Ферал Трибјун се сели во Слободна Далмација, каде што работи како предвоен и воен репортер.
Во март 1993 ја напушта Слободна Далмација и со група колеги го основа самостојниот и суверениот сатиричко-политички двонеделник Ферал Трибјун.
Првите броеви ги потпишува како главен и одговорен уредник. Во декември 1993 Ферал Трибјун станува неделник, а од тогаш до денес Луциќ работи како уредник на списанието, автор на сатирични и ткн. сериозни текстови, ги уредува веб страниците, креира фотомонтажи, испишува и уредува разни рубрики (Greatest Shits, На крајот на краиштата, Шемпјун, Тромблон, Информбиро...) а ја основа и ја уредува Библиотеката Ферал Трибјун.
Поетските, прозните и драмските текстови ги објавувал во списанијата Fantom slobode, Ars, Сараевски тетратки и Наше писмо.
Објавил:
Greatest Shits – Антологија на современата хрватска глупост (во коавторство со Борис Дежуловиќ), 1998, 1999.
Haiku haiku jebem ti maiku – голема Фералова песнарка, сатирични песни, 2003.
Ljubavnici iz Verone, 2008


Книги од Предраг Луциќ во издание на Блесок:


thumb

Љубовници од Верона

Поезија од Предраг Луциќ, еКнига, на македонски.

Превод од хрватски: Игор Исаковски. 

Првата целосна книга поезија на Предраг Луциќ претставува некои од истакнатите обележја на неговата, според многу нешта единствена поетика.


thumb

Љубовници од Верона

Поезија од Предраг Луциќ (2009)

Превод од хрватски: Игор Исаковски

Едиција Бореа, книга 22

Првата целосна книга поезија на Предраг Луциќ претставува некои од истакнатите обележја на неговата, според многу нешта единствена поетика.




Блесок бр. 52, јануари-февруари, 2007
      поезија: Çok seni severam и други тешко објасниви песни






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+