Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Зоран Богнар




Зоран Богнар, поет, есеист, прозаист, книжевен критичар и антологичар, роден е 1965 година во Вуковар. Објавил два романи: Ноќ на празните раце (1989) и Будна состојба на сонот (1993); неколку книги поезија: Блуз за шаховската табла (1986), Земјата господари со ПОДземјето (1987), Психо-стриптиз (1988), Трговци на биоритамот (1990), Лудилото на Флојд Бертолд (1991), Мирисот на пластичното цвеќе (1992), Ако мртвите еден ден се вратат (1993), Јужната страна на истокот (1993), Анонимна бесмртност (1994), Новиот потоп (1996), Новата Ноева арка (1997), Новиот човек (1999), Елисејска трилогија (2000), Албедо (2002), Аура (2003) и Алхемија (2005); како и три книги поетичко-феноменолошки микроесеи: Фотографии на гласовите (1997), Ејдетски слики (1998) и Фотографии на гласовите II (2002). Ја приредил и антологијата на српскиот микроесеј на XX век Течен кристал (2006).
Во 2006 од печат се појави и неговата прва збирка на македонски јазик Соѕвездија под кожата, во превод на Петре Бакевски.
Поезијата на Зоран Богнар е преведувана на италијански, француски, англиски, унгарски, германски, словенечки, грчки, македонски, шпански, турски, бугарски, холандски, фризиски и ерменски јазик.
Добитник е на многу домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и наградите „Vanelli“ (Италија, 1999), „Mediterranean Lion“ (Црна Гора, 1998) и „Hubert Burda“ (Германија, 1999).
Живее и работи во Белград.


Книги од Зоран Богнар во издание на Блесок:


thumb

La trilogie Elyséenne

Поезија од Зоран Богнар, еКнига, на француски.

Превод: Мирел Робин и Борис Лазиќ.


thumb

Protoklepsidra

Поезија од Зоран Богнар, еКнига, на српски.


thumb

Protoclepsydra

Поезија од Зоран Богнар, еКнига, на англиски.

Превод: Дејан Марковиќ.


thumb

Elizejska trilogija

Поезија од Зоран Богнар, еКнига, на српски.




Блесок бр. 52, јануари-февруари, 2007
      поезија: Ехо на нивните мисли






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+