Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Том Петсинис




Том Петсинис е поет, драматург, романсиер, кој живее во Мелбурн. Роден е во Егејска Македонија во 1953, а емигрирал во Австралија како дете. Австралискиот совет му доделил Писателска стипендија и престој во библиотеката Б.Р. Вајтинг во Рим. Предавал математика и креативно пишување на разни високо-школски установи. Во моментов предава на Универзитетот Викторија, каде неодамна докторира. Оженет е и има две ќерки.
Неговата прва драма, Суша, е прогласена за драма на годината 1993 од Центарот за уметности на Викторија, и била во најтесен избор за Книжевната награда на Премиерот на Викторија во 1995. Следниот роман, Францускиот математичар, бил во најтесен избор за Книжевната награда на Јужно-австралискиот фестивал во 1998 и за Наградата за проза на Премиерот на Нов Јужен Велс во 1999. Автор е на три романи, една збирка раскази, пет збирки поезија и три драми. Учествувал на домашни и меѓународни книжевни фестивали, меѓу кои и Струга, Ротердам, Мастрихт и Виленица. Преведуван е на повеќе јазици.


Книги од Том Петсинис во издание на Блесок:


thumb

Пакет 04

Три врвни романи со ненадминлива цена! 

• „Ноќен тренинг“, од Сибила Петлевски
• „Дванаесеттиот дијалог“, од Том Петсинис
• „Раковиот напоредник“, од Хенри Милер


thumb

Дванаесеттиот дијалог

Роман од Том Петсинис, еКнига, на македонски.  

Превод од англиски: Игор Исаковски. 

Од мигот кога ќе ја отворите оваа книга, ве пречекува чуден и несекојдневен свет. Ова е привлечно раскажување, изведено едноставно и со вештина.


thumb

Францускиот математичар

Роман од Том Петсинис, еКнига, на македонски. 

Превод од англиски: Игор Исаковски. 

„Францускиот математичар“ ги внесува сложеноста на еден математички ум и едно фасцинантно доба (Француската револуција) во сферата на книжевноста.


thumb

Дванаесеттиот дијалог

Роман од Том Петсинис (2008)

Превод од англиски: Игор Исаковски. 

Едиција с.р., книга 04

Од мигот кога ќе ја отворите оваа книга, ве пречекува чуден и несекојдневен свет. Ова е привлечно раскажување, изведено едноставно и со вештина.


thumb

Францускиот математичар

Роман од Том Петсинис, (тврда подврска) (2007)

Превод од англиски: Игор Исаковски

Едиција с.р., книга 01

„Францускиот математичар“ ги внесува сложеноста на еден математички ум и едно фасцинантно доба (Француската револуција) во сферата на книжевноста.


thumb

Францускиот математичар

Роман од Том Петсинис, (мека подврска) (2007)

Превод од англиски: Игор Исаковски. 

Едиција с.р., книга 01

„Францускиот математичар“ ги внесува сложеноста на еден математички ум и едно фасцинантно доба (Француската револуција) во сферата на книжевноста.




Блесок бр. 52, јануари-февруари, 2007
      проза: Францускиот математичар

Блесок бр. 57, ноември-декември, 2007
      проза: Првиот дијалог






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+