Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Катица Ќулавкова




поет, литаратурен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Родена е на 11 декември 1951 година во Велес. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на тема: „Метафората и современата македонска поезија“, а докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје како професор по теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература во Париз на INALCO. Била претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1978 година.
Автор е на книгите: Благовести (поезија, 1975), Акт (поезија, 1978), Нашиот согласник (поезија, 1981), Нова пот (поезија, 1984), Фигуративниот говор и македонската поезија (студии, 1984), Невралгични места - Неуралгичнa места (двојазично издание, Вршац, поезија, 1986), Стапка и отстапка (огледи и критики, 1987), Дива мисла (поезија, избор, 1989), Одлики на лириката (студија, 1989), Жедби, престапни песни (поезија, 1989), Друго време (поетска проза, 1989), Копнеж по систем (студии и критики, 1992), Домино (поезија, 1993), Потход и исход (критики, 1996), Изгон на злото (поезија, 1997), Камен искушител (критики, 1997), Тетратки (критики и огледи, 1997), "Via lasciva" (песни во превод на француски, 1997), "Time difference" (поезија во превод на англиски, 1998), Предигра (поезија, избор, 1998), Теорија на книжевноста (1999). Има подготвено антологија на македонскиот расказ и есеј.
Добитник е на наградите: „Студентски збор“, „Браќа Миладиновци“, „Нарциса“, „Млад борец“, „Велја Кутија“.

Веб сајт изработен од блесок.веб.дизајн: http://www.kulavkova.org.mk

Е-книги од Катица Ќулавкова во издание на Блесок:
L'expulsion du mal
Меѓусвет
Time Difference
Via lasciva
Дива мисла


Книги од Катица Ќулавкова во издание на Блесок:


thumb

Пакет 10

Едиција ЕваТас, 2011 г. 

• Јосип Ости: „Ненапишана песна“
• Катица Ќулавкова: „Бришан простор“
• Рони Сомек: „Асфалтни змејови“


thumb

Naked Eye - Burning Fire

Книга хаику од Катица Ќулавкова, еКнига, на англиски јазик. 

Превод на англиски: Метју Џонс и Марија Џонс. 

Дополнителни содржини:
– Цртежи од Мирослав Масин


thumb

Erased Spaces

Избрана поезија од Катица Ќулавкова, еКнига, на англиски.

Превод на англиски: Бела Глигорова. Преводот го уреди Метју Мекдоналд.

големо чистење
за големо полнење.


thumb

Бришан простор

Избрана поезија од Катица Ќулавкова, еКнига, на македонски.

големо чистење
за големо полнење.


thumb

Дива мисла

Поезија од Катица Ќулавкова, еКнига, на македонски.


thumb

Катица Ќулавкова (ур.): Царски рез - македонски раскази

Антологија на македонскиот кус расказ, уредила Катица Ќулавкова. еКнига, на македонски.


thumb

Dorinţe

Поезија од Катица Ќулавкова, еКнига, на романски.

Едитор: Думитру М. Јон. 
Превод: Думитру М. Јон and Каролина Илика.


thumb

Katica Kulavkova (ed.): Caesarean Cut: Macedonian Short Stories

Антологија на македонскиот кус расказ, уредила Катица Ќулавкова. еКнига, на англиски.


thumb

Бришан простор / Erased Spaces

Избрана поезија од Катица Ќулавкова, на македонски и на англиски. (2011)

Превод на англиски: Бела Глигорова. Преводот го уреди Метју Мекдоналд. 

Едиција EvaTas, книга 08 

големо чистење
за големо полнење.


thumb

Naked Eye - Burning Fire

Книга хаику од Катица Ќулавкова, на англиски јазик (2008)

Превод на англиски: Метју Џонс и Марија Џонс

Едиција Масин, книга 06  




Блесок бр. 10-11, август-ноември, 1999
      поезија: Левијатан: Бел кит

Блесок бр. 106, март-април, 2016
      есеи: Принципот слобода vs. стапиците на стравот

Блесок бр. 12, јануари, 2000
      критика: Поетика на тесниот простор

Блесок бр. 59, март-април, 2008
      поезија: Предвремено будење

Блесок бр. 76, јануари-февруари, 2011
      поезија: Бришан простор






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+