Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Елизабет Бишоп




Елизабет Бишоп (САД, 1911-1979) – американска поетеса чија поезија често го отсликува нејзиниот номадски живот (патувала низ Европа и Америка, живеела 15 години во Бразил). Покрај извонредните метафори и необичните пејзажи доловени со око на буден набљудувач, Бишоп во својата поезија се осврнува и на загубата, отуѓеноста, осаменоста, и изолираноста. Крајно самокритична, објавувала ретко, па вкупниот број на песни што ги објавила за време на нејзиниот живот бил одвај стотина. Сепак, поради оригиналноста, брилијантната поетска техника и восхитувачката формална разноликост на нејзините песни, Бишоп се вбројува меѓу најзначајните американски поети на XX век. Предавала на Харвард, а меѓу нејзините збирки поезија се: Север и југ (1946), Прашања на патување (1965), Географија III (1976) и Собрани песни: 1927-1979, издадена постхумно во 1983. Песните преведени овде се извадени од Собрани песни (Farrar, Straus & Giroux, 1983), освен „Чудесно е што се будиме заедно...“, објавена во Едгар Алан По и џубоксот (Farrar, Straus & Giroux, 2006).



Блесок бр. 53, март-април, 2007
      поезија: Несоница






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+