Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Ева Зоненберг




Ева Зоненберг:
Јас сум поетеса и пијанистка.
Родена сум во 1967 година.
Во 1992 г. дипломирав на Музичката академија во Вроцлав, во 1996 г. завршив креативно пишување на Универзитетот Жагелонски во Краков.
Сега на истиот универзитет студирам философија.
Објавена сум во сите познати книжевни списанија во Полска.
Застапена сум во многу полски и странски антологии (германски, шведски, руски). Моите дела се преведени на германски, француски, англиски, руски, шведски, словенечки, унгарски, српски и македонски.
Добитничка сум на повеќе награди, меѓу кои и: Наградата за млад поет Клеменс Јаницки (1995), наградата Георг Тракл за мојата прва книга поезија Ризик (1996), стипендија од Култура париска во Париз (1998), стипендија од Министерството за култура и уметност (2000), а сум учествувала на бројни читања и книжевни средби во Полска и во странство.
Ги имам објавено поетските книги:
“Hazard”, Wrocław 1995; “Kraina tysiąca notesów”, Dzierżoniów 1997; “Planeta”, Katowice 1997; „Smycz”, Wrocław 2000; „Płonący tramwaj”, Kraków 2001; „Lekcja zachwytu”, Kraków 2005; „Paź królowej. Bajka dla zakochanych”, Kraków 2006.



Блесок бр. 54, мај-јуни, 2007
      поезија: Патот на срцето






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+