Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Алеш Мустар




Алеш Мустар е роден 1968 год. во Љубљана, Словенија. Дипломирал англиски јазик и педагогија на универзитетот во Љубљана, а докторирал од областа на романската драматургија на универзитетот во Букурешт, Романија. Преведува од романски и македонски јазик и важи за еден од најдобрите промотори на македонската книжевност на словенечки јазик. Се занимава и со театар. Во 2005 год. според негов текст во Љубљана беше поставена алтернативната претстава без актери „16 вртежи“. Пишува поезија и објавува во периодиката. Неговата поетска книга „(Суд)бин(ско) толкување“ излезе во 2005 год. и беше номинирана за најдобра дебитантска книга. „Блесок“ ја објави на македонски јазик во 2007 година. Наскоро ќе биде објавена во препев на англиски јазик во САД. Неговите песни се препеани на англиски, чешки, српски, македонски и романски јазик.


Книги од Алеш Мустар во издание на Блесок:




Блесок бр. 55, јули-август, 2007
      поезија: од „Суд(бин)ско толкување“






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+