Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Станислава Хробакова Репар




Доц. Д-р Станислава Хробакова – Репар (1960), поетеса, прозаистка, есеистка, преведувачка, литерарна критичарка и научничка со словачко и словенечко државјанство. Завршила студии по филозофија и естетика на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава, а докторатот од областа на литерарната наука го одбранила во 1995 година во Институтот за словачка книжевност при Словачката академија на науките во Братислава. Од 2001 година живее во Љубљана, каде што работи во издавачката куќа и во списанието Апокалипса. Заедно со сопругот Примож Репар го основа и го координира меѓународниот проект Списание во списание, кој денес зближува 16 книжевни списанија од 13 држави. Ја извршувала и функцијата на надворешен уредник на книжевниот месечник Ромбоид. Од 2010 година предава на Универзитетот во Нова Горица, Словенија. Пишува на словачки и на словенечки јазик. Авторка е на четири самостојни поетски збирки: Гола во трњето (2006), На границата од јазикот (1997 – библиофилија, 2000), Од заедничката зима (1994, на словенечки во 2006) и Да се допре празната средина (на словенечки, 2010); две прозни книги и две научни монографии. Авторка е на билингвалната меѓужанровска проза Словенка на квадрат (Slovenka na kvadrat / Slovenka na dvakrát), објавена на словенечки во 2009 и на словачки јазик во 2010 година. Нејзините текстови се преведени и објавени на 14 странски јазици. Преведува од словенечки на словачки јазик, а досега публикувала 11 книжни преводи. Уредничка е на поголем број публикации, зборници и антологии. Контакт: stanislava.repar@t-2.net.



Блесок бр. 56, септември-октомври, 2007
      поезија: Вернисаж и други песни

Блесок бр. 74, септември-октомври, 2010
      есеи: Посветеност на патот






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+