Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Елизабета Линднер




Елизабета Линднер (род. Костадиновска), родена во 1971 г. во Скопје, Македонија. Во 2001 година дипломирала на катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во 2005 магистрирала на Универзитетот Регенсбург, СР Германија по предметите (понова) Германска книжевност и Славистика. Од 2006 година живее и работи како слободен литературен преведувач во Берлин. Во 2007 година го основаше и оттогаш го уредува онлајн-порталот за македонска литература на германски јазик СловоКулт (www.slovokult.de). Има добиено повеќе работни стипендии и учества на работилници за литературни преведувачи (Literarisches Colloquium Berlin, Europäisches Übersetzerkollegium Straelen, Kulturstiftung NRW, Pro Helvetia и др.) како и признание за литературни преведувачи од Министерството за Култура на Австрија за преводот на „Сечење шума“ од Томас Бернхард.

Преводи и публикации:


2004 – Валтер Фогт „Шизогорск и други раскази“ (роман и раскази, Езоп, Скопје)
2007 – Doroteja Novosel Balov „Gesang ans Sein“, (поезија, Verlag an der Spree, Berlin)
2009 – Вилхелм Генацино „Просечна носталгија“ (роман, Блесок, Скопје)
2009 – Инго Шулце „Мобилен“ (раскази, Блесок, Скопје)
2010 – Инго Шулце „Адам и Евелин “ (роман, Блесок, Скопје)
2011 – Томас Бернхард „Сечење шума“ (роман, Блесок, Скопје)
2011 – Давид Албахари „Гец и Маер“ (роман, Блесок, Скопје)
2011 – Бенјамин Штајн „Платно“ (роман, Блесок, Скопје)
2012 – Адолф Мушг „Доколку е тоа среќа“ (раскази, во подготовка)
2012 – Михаел Кругер „Одбрана поезија“ (поезија, во подготовка)

Превод на одбрани песни од Катица Ќулавкова, Јовица Ивановски и Игор Исаковски за СловоКулт, и од Рајнер Марија Рилке и Фридрих Хебел за Блесок, како и на бројни уметнички критики и рецензии за ликовни изложби.

Критичкиот есеј за превод на поезија „Среброљубива или алчна за пари“ е објавен во 2009 година во Блесок бр. 59.
Преведен извадок од магистерскиот труд „Метаморфозите на Голем како мистичен процес во романот ‘Голем’ од Густав Мајринк“ во публикацијата од 2012 година во издание на Еврејската Заедница од Македонија.

Елизабета Линднер е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.



Блесок бр. 100, септември, 2015
      есеи: За Игор Исаковски

Блесок бр. 59, март-април, 2008
      есеи: „Среброљубива или алчна за пари?“






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+