Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Магдалена Бол




Магдалена Бол ја уредува интернет страницата The Compulsive Reader (www.compulsivereader.com/html). Нејзините раскази, осврти, поезија, критика и написи се објавени во многу печатени антологии и списанија, и имаат освоено домашни и меѓународни награди за поезија и проза, вклучувајќи и влез во потесната конкуренција за најпрестижниот поетски натпревар на Австралија, The Newcastle Prize. Расказите, есеите и освртите на Бал се имаат појавено во антологии како The Audience Review, The Writer's Handbook, Thylazine (каде што во моментов е уредник на делот за поезија), The Harpweaver, The Pedestal Magazine, In Our Own Words, Imago, Cordite, Astropoetica, и многу други. Има учествувано на повеќе заеднички проекти. Има диплома по англиска книжевност на Универзитетот во Њујорк, и магистратура на универзитетот Charles Sturt (Вага), а посетувала и постдипломски студии на универзитетот во Оксфорд (Велика Британија). Работи и како оценувач на ракописи за Manuscripts Online, и е член на советодавниот одбор на BookConnector, оценувач за Catchfire Press, и раководител за информации за мултинационалната компанија Orica. Нејзиниот дебитантски роман, Да заспиеш пред вечерта (BeWrite Books, 2007), беше едногласно пофален од критиката и беше финалист во категоријата регионална проза за наградите Next Generation Indie за 2008 година. Нејзината збирка поезија Quark Soup (Picaro Press, 2006), ја освои „Нобеловата“ награда за книги што имаат исклучителни писателски вештини и ги истражуваат човечките состојби за 2006 година. Нејзината книга The Art of Assessment (Mountain Mist Productions, 2004), стана стандарден учебник за потецијалните книжевни критичари.


Книги од Магдалена Бол во издание на Блесок:


thumb

Спиј пред вечерта

Роман од Магдалена Бол, еКнига, на македонски.

Превод од англиски: Елизабета Баковска.

Како што Маријана се бори со своите демони, а нам ни запира здивот додека ѝ се ближи осумнаесеттиот роденден, „Спиј пред вечерта“ на Магдалена Бол ни покажува дека за да се најдеме себеси, понекогаш прво мораме да се изгубиме.


thumb

Спиј пред вечерта

Роман од Магдалена Бол (2012)

Превод од англиски: Елизабета Баковска. 

Едиција с.р., книга 25 

Како што Маријана се бори со своите демони, а нам ни запира здивот додека ѝ се ближи осумнаесеттиот роденден, „Спиј пред вечерта“ на Магдалена Бол ни покажува дека за да се најдеме себеси, понекогаш прво мораме да се изгубиме.




Блесок бр. 61-62, јули-октомври, 2008
      проза: Спиј пред вечерта






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+