Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Александра Димитрова




АЛЕКСАНДРА ДИМИТРОВА е родена на 20 септември 1977 година во Скопје.
Дипломирала Македонска книжевност и јужнословенски книжевности во 2001 год. Магистрирала 2011 год. на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата за Македонска книжевност со магистерската теза со наслов „Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски“.
Нејзината прва збирка под наслов „Вежби за правилно дишење“ излегува од печат во 2002 година од книгоиздателството Макавеј, Скопје.
Втората збирка ја објавува самостојно, во 2004 година, како дел од заеднички ликовно-книжевен проект со академската сликарка Марија Николоска Наневска, под наслов „Јас-Ти“, поставен на 12 октомври 2004 година во Музејот на Град Скопје.
Третата збирка, под наслов „Божица на подивените мачки“ ја објавува за Блесок, во 2008 година, а една година подоцна во истата издавачка куќа ја издава четвртата збирка со наслов „Во аквариумот на Барби“.
Нејзината поезија е преведена на германски, англиски, турски, словачки и српски јазик.
Александра Димитрова освен поезија пишува и проза, како и книжевна критика. Автор е на блогот: www.bonbonce.blogspot.com.
Живее и работи во Скопје.


Книги од Александра Димитрова во издание на Блесок:


thumb

Пакет 15

Три книги од Александра Димитрова: Божицата речиси падна во стапицата на аквариумот 

• Божица на подивените мачки
• Во аквариумот на Барби
• Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски


thumb

Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски

Магистерски труд од Александра Димитрова, еКнига, на македонски.

Димитрова смело се зафаќа со проучување на обемен драмски корпус создаван во период од триесет и пет години, составен од дваесетина обемни драмски текстови на најславниот современ македонски драмски автор.


thumb

Во аквариумот на Барби

Поезија од Александра Димитрова, еКнига, на македонски.  

На крајот, вреди да се забележи дека авторката си дозволува да ги исцеди сите лирски објекти до крајни граници, да ги отфрли лушпите а од соковите да смеша уште една песна, уште еден циклус, уште една книга.


thumb

Божица на подивените мачки

Поезија од Александра Димитрова, еКнига, на македонски. 

Еротиката е миг на сеќавање, ментално преживување на некогаш слученото. Несекојдневна, но провокативна, поезијата на Димитрова мора и смее да се доживее само како уметност, која по дефиниција е фикција.


thumb

Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски

Магистерски труд од Александра Димитрова (2012) 

Едиција Индра, книга 10 

Димитрова смело се зафаќа со проучување на обемен драмски корпус создаван во период од триесет и пет години, составен од дваесетина обемни драмски текстови на најславниот современ македонски драмски автор.


thumb

Во аквариумот на Барби

Поезија од Александра Димитрова (2009)

Едиција Бореа, книга 19  

На крајот, вреди да се забележи дека авторката си дозволува да ги исцеди сите лирски објекти до крајни граници, да ги отфрли лушпите а од соковите да смеша уште една песна, уште еден циклус, уште една книга.


thumb

Божица на подивените мачки

Поезија од Александра Димитрова (2008)

Едиција Бореа, книга 14

Еротиката е миг на сеќавање, ментално преживување на некогаш слученото. Несекојдневна, но провокативна, поезијата на Димитрова мора и смее да се доживее само како уметност, која по дефиниција е фикција.




Блесок бр. 63, ноември-декември, 2008
      поезија: Божица на подивените мачки






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+