Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Рони Сомек




Рони Сомек е роден 1951 во Багдад, а се преселил во Израел како дете. Студирал хебрејска литература и еврејска филозофија на Универзитетот во Тел Авив и цртање на ликовната академија Авни. Бил социјален работник за улични банди, сега предава литература и води курсеви по креативно пишување.
Објавил 10 книги поезија (најновата се вика „Алжир“) и две книги за деца, заедно со ќерка си Ширли Сомек: (најновата се вика „Мајмун лаже, мајмун краде“).
Преведен е на 39 јазици.
Избори од неговата поезија се објавени во превод на арапски, француски, каталонски, албански, италијански, македонски, јидиш, хрватски, непалски, холандски, дански и англиски.
Учествувал на многу поетски и музички фестивали, и на разни уметнички изложби.
Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои и: Премиерска награда на Израел, Награда Јехуда Амихај за хебрејска поезија, Рамат-Ган за поезија, Награда за винска песна на СВП, и наградата Ханс Бергхуис за поезија на Меѓународниот поетски фестивал во Маастрихт, Холандија.
Со музичарот Елиот Шарп снимил 3 албуми: „Одмаздата на пелтечавото дете“, „Линија на сиромаштијата“ и „Куса историја на вотката“.
Ги поставил изложбите „Фабрика на природата, зима 2046“ (1998) со Бени Ефрат, во Израелскиот музеј; „Хаваџа Бјалик“ (2004), „Рехал Мадрид“ (2007) и „Салфетка“ (2010), во Музејот на израелска уметност во Рамат-Ган.
Член е на Јавниот совет на танцувачката трупа „Батшева“ и на Хебрејско-арапскиот театар.

Рони Сомек е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.


Книги од Рони Сомек во издание на Блесок:


thumb

Пакет 10

Едиција ЕваТас, 2011 г. 

• Јосип Ости: „Ненапишана песна“
• Катица Ќулавкова: „Бришан простор“
• Рони Сомек: „Асфалтни змејови“


thumb

Asphalt Dragons

Избрана поезија од Рони Сомек, еКнига, на англиски.

Превод на англиски: Вивијан Идн и др.

Ноќните дождови ги мијат асфалтните змејови,
остатоци од водата собрани во барички
а во четири наутро јазикот на митот
го допира работ од тротоарот.


thumb

דרקוני האספלט

Избрана поезија од Рони Сомек, еКнига, на хебрејски. 

Ноќните дождови ги мијат асфалтните змејови,
остатоци од водата собрани во барички
а во четири наутро јазикот на митот
го допира работ од тротоарот.


thumb

Асфалтни змејови

Избрана поезија од Рони Сомек, еКнига, на македонски.

Превод на македонски: Игор Исаковски.

Ноќните дождови ги мијат асфалтните змејови,
остатоци од водата собрани во барички 
а во четири наутро јазикот на митот
го допира работ од тротоарот.


thumb

Жито: Одбрана поезија

Поезија од Рони Сомек, еКнига, на македонски.

Превод од англиски: Игор Исаковски.


thumb

Wheat: Selected Poetry

Одбрана поезија од Рони Сомек, еКнига, на англиски.


thumb

שירים מבחר .הטיח

Поезија од Рони Сомек, еКнига, на хебрејски.


thumb

Асфалтни змејови / דרקוני האספלט / Asphalt Dragons

Избрана поезија од Рони Сомек, на македонски, хебрејски и англиски. (2011)

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Вивијан Идн и др.
 

Едиција EvaTas, книга 09 

Ноќните дождови ги мијат асфалтните змејови, 
остатоци од водата собрани во барички 
а во четири наутро јазикот на митот 
го допира работ од тротоарот.


thumb

Жито: Oдбрана поезија

Одбрана поезија од Рони Сомек (2005)

Едиција Морфеј, книга 06

Рони Сомек совршено умешно ни ја предава својата поетска приказна преку крајно несекојдневни синтагми кои понекогаш се и парафрази на стихови од Библијата, а кои ја претставуваат стварноста во сета нејзина исчашеност и болност.




Блесок бр. 100, септември, 2015
      поезија: Ди-џеј блуз и засолниште за злоставувани жени

Блесок бр. 13, февруари-март, 2000
      поезија: Сведочење на убавината

Блесок бр. 60, мај-јуни, 2008
      поезија: Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

Блесок бр. 76, јануари-февруари, 2011
      поезија: Асфалтни змејови






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+