Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Ренато Баретиќ




– новинар и писател, од 1983 г. живее само од пишување;
– повремено работи како филмски и телевизиски сценарист, маркетиншки copywriter и составувач на прашања за ТВ квизови;
– моментално работи како колумнист во неделникот „Национал“ од Загреб, како коментатор на порталот nacional.hr и колумнист во двонеделникот „Отворено море“; пред тоа слични работи извршувал во низа хрватски новински изданија, дневни и неделни;
– маж ѝ е на Маја, со која е родител на две малолетни деца, Катарина и Јаков;
– студирал политички науки, потоа компаративна книжевност и фонетика на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што и пријавил дипломска работа по стилистика, но никогаш не ја напишал;
– роден е 1963 г. во Загреб, од 1996 живее и работи во Сплит.

Книги:
– „Хотел Гранд“, роман, Алгоритам, Загреб 2008 (финалист на книжевните награди на Саемот на книгата во Пула, Јутарњи лист и Т-портал за таа година)
– „Кажувај ми за неа“, роман, АГМ, Загреб, 2006 (полуфиналист на наградата на Јутарњи лист за таа година)
– „Кому ќе праќаме разгледници“, збирка поезија, АГМ, Загреб, 2005.
– „Кадри на кадарот“, избор од новински колумни за телевизијата, АГМ, Загреб, 2005.
– „Осмиот повереник“, роман, АГМ, Загреб, 2003 (ги освоил петте најважни национални награди за проза таа година, а во 2006 г. е поставен на штиците на ХНК во Сплит); до денеска само во Хрватска продаден во повеќе од 15.000 примероци.
– „Зборови од џебови“, збирка поезија, „Библиотека Ферал Трибјун“, Сплит, 1998.
– со прозни и есеистички прилози учествувал во низа зборници и колективни книжевни дела;

– романот „Осмиот повереник“ е објавен и во Словенија, Украина, Македонија, во текот на 2011 г. ќе биде објавен и во Италија, а во Србија (каде што веќе е објавен и романот „Хотел Гранд“, а наскоро излегува и „Кажувај ми за неа“) излезе и второ издание, со третиќанскиот дијалект на кирилица; романот „Хотел Гранд“ оваа 2010 година излегува во Словенија, Македонија и Албанија; одделни песни, раскази и фрагменти од подолга проза му се преведени и објавени на англиски, словенечки, германски, македонски, полски и украински.

– самостојната фотографска изложба „Бродски линии“ му е поставена во Сплит во 2008 година, како и во Загреб и во Грац една година подоцна.

– од 2007 година е уредник на програмата на фестивалот за раскажување раскази „Причигин“ во Сплит.


Книги од Ренато Баретиќ во издание на Блесок:


thumb

Кажувај ми за неа

Роман од Ренато Баретиќ, еКнига, на македонски.

Превод од хрватски: Елизабета Баковска.


thumb

Кажувај ми за неа

Роман од Ренато Баретиќ (2014)

Превод од хрватски: Елизабета Баковска.

Едиција с.р., книга 45


thumb

Хотел Гранд

Роман од Ренато Баретиќ, еКнига, на македонски. 

Превод од хрватски: Игор Исаковски 

„Хотел Гранд“ е делумно потресен роман за растењето и за семејството, делумно лута сатира, делумно напната приказна во која под кујнска крпа се кријат пиштоли, но истовремено и интелигентна, забавна студија за пишувањето, за статусот на фикцијата и виртуалитетите.


thumb

Пакет 09

Три врвни романи, од тројца врвни автори 

• „Учител на љубовта“ од Јосип Ости
• „Хотел Гранд“ од Ренато Баретиќ
• „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли (II издание)


thumb

Хотел Гранд

Роман од Ренато Баретиќ (2010)

Превод од хрватски: Игор Исаковски

Едиција с.р., книга 11

„Хотел Гранд“ е делумно потресен роман за растењето и за семејството, делумно лута сатира, делумно напната приказна во која под кујнска крпа се кријат пиштоли, но истовремено и интелигентна, забавна студија за пишувањето, за статусот на фикцијата и виртуалитетите.




Блесок бр. 65, март-април, 2009
      проза: Осмиот повереник






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+