Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Миле Стоиќ




Миле Стоиќ е роден на 21 јануари 1955 година во Драгиќина (Босна и Херцеговина). Студиите по јужнословенски книжевности и јазици ги завршил на Филозофскиот факултет во Сараево. До јуни 1992 година живеел во Сараево од пишување и уредување на книжевни публикации. Потоа, повеќе од една деценија работел како лектор на Виенскиот универзитет.

Ги објавил книгите: Лилјан, јазикот на прашината, песни (Сараево 1977, 1981); Уметноста на темнината, песни (Сараево, 1987); Земска светлина, песни (Сараево, 1989); Јужност, избор, песни (Сараево, 1990); Гласовите на сараевската ноќ, есеи (Сараево, 1993, целиот тираж изгорел во печатницата во Мостар); Либрето за шупелка и митралез, песни (Загреб, 1994); Прогонети елегии, песни (Сараево, 1996); Утро во Помпеи, есеи (Загреб, 1999); Зборови на прозорецот, есеи (Сараево, 1999); Унгарско море, песни (Меѓугорје, 1999); Светлина во мракот на сонцето, раскази (Зеница, 2002); Заборавете нè, песни (Сплит, 2003); Речник за петок и сабота, есеи (Загреб, 2004); Прогонети елегии, избрани песни (Сараево, 2004); Вечера без политика, песни (Загреб, 2004); Признание, песни (Загреб, 2007); Утеха овде нема, песни (Цетиње, 2007); Café Носталгија, есеи (Сисак, 2007); Via Vienna, патописи (Загреб, 2008, Белград, 2008), Меѓу скараните народи, песни (Загреб, 2009), Ружа во луња, есеи (Загреб, 2010).

Книги преведени на странски јазици: Fenster Worte, ein bosnisches Alphabet, есеи (Кланегфурт, 2001.), Das ungarische Meer, избор песни (Кланегфурт-Виена, 2006.), Земна светлина, избор песни (Прилеп, 1991), Strzala w popiele, избор песни (Варшава, 2002.), Via Vienna, патописи (Варшава, 2006.), Mare magiaro, избор песни (Пезаро, 2005.), Dictionary for Saturday and Sunday, есеи (Чикаго, 2004.) Nebeški penzion, песни (Љубљана, 2010).

Ги составил антологиите: Зад спуштени трепки, антологија на модерната хрватска поезија (Сараево, 1991); Во бол и бес (босанска воена книжевност, заедно со Алија Исаковиќ, Виена, 1995); Поезијата на Босна и Херцеговина во XX век (заедно со Марко Вешовиќ и Енес Дураковиќ, Сараево, 1999).

Добитник е на наградите: Шимиќеви средби (1971), Слово Горчино (1974), Печат Сремско-карловачки (1976), Бранкова награда на Друштвото на писателите на Војводина за најдобра книга на млад писател во Југославија (1978), Награда на Книжевната младина на Босна и Херцеговина за најдобра книга (1980), Награда на Железарницата Сисак за најдобра книга песни во Југославија (1988), Награда на издавачката куќа Планакс за најдобра пеотска книга во БиХ (1999), Награда Бухпреми на Австриското министерство за култура за една од десетте најдобри книги објавени во Австрија (2000), Кочиќево перо (2006), Горанов венец за севкупен придонес кон хрватската поезија (2007), Годишна награда на Друштвото на писателите на БиХ за најдобра книга (2010).

Живее во Сараево.


Книги од Миле Стоиќ во издание на Блесок:


thumb

Небесен пансион

Избрани песни од Миле Стоиќ, еКнига, на македонски. 
Авторски избор. 

Превод од хрватски: Игор Исаковски.

Кога е некој поет, а Миле Стоиќ е апсолутен поет, тогаш и поезијата која од тој жив и духовен кладенец извира е она што нè облагородува…


thumb

Пакет 17

Едиција ЕваТас, 2013 г. 

• Миле Стоиќ: „Ги сакам исплуканите“
• Игор Исаковски: „Светлината ве чека на рецепција“
• Тод Свифт: „Балада за самотниот гостин“


thumb

Ги сакам исплуканите / Volim popljuvane / I Love the Ones They Spit On

Избрана поезија од Миле Стоиќ, на македонски, хрватски и англиски. (2013) 
Авторски избор. 

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Чарлс Симиќ, Ејми Гоп, Горан Симиќ и др.
 

Едиција EvaTas, книга 13


thumb

Volim popljuvane

Избрана поезија од Миле Стоиќ, еКнига, на хрватски. 
Авторски избор. 


thumb

I Love the Ones They Spit On

Избрана поезија од Миле Стоиќ, еКнига, на англиски. 
Авторски избор. 

Превод од хрватски: Чарлс Симиќ, Ејми Гоп, Горан Симиќ и др.


thumb

Ги сакам исплуканите

Избрана поезија од Миле Стоиќ, еКнига, на македонски. 
Авторски избор. 

Превод од хрватски: Игор Исаковски. 


thumb

Небесен пансион

Избрани песни од Миле Стоиќ.
Авторски избор. (2011)

Едиција Морфеј, книга 15

Кога е некој поет, а Миле Стоиќ е апсолутен поет, тогаш и поезијата која од тој жив и духовен кладенец извира е она што нè облагородува…




Блесок бр. 80-81, септември-декември, 2011
      поезија: Небесен пансион






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+