Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Дарија Андовска




Дарија Андовска, Човек по вокација, музичар по професија, Македонка по местото на раѓање.
Родена е во Скопје, дипломирала композиција на Факултетот за музички уметности во Скопје, магистрирала на ZHdK во Цирих, Швајцарија.
Автор е на камерна, соло, оркестарска, симфониска и хорска музика, како и на музика за филм, театар, танц и мултимедијални проекти.
Добитник е на стипендии и учесник на мастеркласеви и работилници во Скопје, Санкт Петербург, Белград, Дрезден, Охрид, Берлин, Цирих, Солотурн, Штутгарт, Сараево, Фрајбург, Герлиц, Утрехт/Охрид.
Нејзините дела се изведувани на фестивали и концерти во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Полска, Романија, Ерменија, САД, објавени на CD-а во Швајцарија, Босна и Херцеговина, Италија, Македонија, Србија и Црна Гора, Германија, а издадени во печатена форма од Nuova Stradivarius – Италија, Sordino – Швајцарија, Сојуз на композиторите на Македонија – Македонија.
Добитник е на неколку награди, вклучувајќи ги наградите од конкурсите на pre-art, Швајцарија и на Музичка младина на Македонија. Нејзините филмови биле номинирани и наградени на фестивали како Сараевски филмски фестивал, Берлински филмски фестивал, Бриџ филмски фестивал.
Работи како доцент на Факултетот за музички уметности, како и на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Дарија Андовска била уредничка на Блесок Звук.



Блесок бр. 82, јануари-февруари, 2012
      звук, осврти: Чекајќи ја пролетта

Блесок бр. 83, март-април, 2012
      звук, осврти: „Неодговореното прашање“

Блесок бр. 85, јули-август, 2012
      звук, осврти: Емоционална манипулација и ефект на дистанцирање






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+