Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Вангел Ноневски




Вангел Ноневски е роден на 31.12.1977 година во Белград. Средно гимназиско образование завршува 1996 година во Скопје. Дипломира 2001 година на Институтот за филозофија, при Филозофскиот факултет во Скопје на тема од областа на филозофијата на културата: „Причините за соочувањата меѓу источната и западната култура“. За време на студиите, повеќе од една година работи како водител во македонското радио Канал 103. Во 2003 година, истражувањата од областа на современата урбана музика ги објавува во својата прва авторска книга, Музички бриколаж: за елементите на директното рециклирање во современата музика. Во 2006 година, магистрира со трудот „Естетиката на директниот колажизам во современата урбана музика“. Моментално е докторант е на Институтот за филозофија, со тема „Филозофските основи на дигиталната естетика“. До сега, има преведено пет книги од англиски јазик: Третиот пат: обнова на социјалдемократијата (Ентони Гиденс), Отаде постмодерната политика (Хони Ферн Хејбер); Мултикултурно граѓанство (Вил Кимлика), Гомон: еден век француска кинематографија (Франсоа Гарсон) и Дигитална естетика (Шон Кабит), која с# уште не е објавена. Периодично објавува текстови, есеи, критики и рецензии од областите на современата естетика, културологијата, филозофијата на политиката, интердисциплинарните студии итн. Редовно објавуваше колумни во неделникот Глобус од септември 2008 до мај 2011 година. Работеше како демонстратор по предметите Естетика и Историја на естетиката на Филозофскиот факултет во Скопје од 2003 до 2011 година. Моментално објавува есеи во магазинот за вино и животен стил Wine Spirit (од октомври 2009 година) и на веб порталот Окно (од февруари 2012 година).



Блесок бр. 82, јануари-февруари, 2012
      критика: Естетика на ремиксот






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+