Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Дејан Дуковски




Дејан Дуковски (25 април 1969, Скопје) - драмски автор
Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности/ФДУ во Скопје (1990). По дипломирањето работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993). Во 1993 година на ФДУ е избран за асистент по предметот филмско и тв-сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија.
Драмски текстови: Балканска гротеска (1988); Последниот балкански вампир (1989); Силјан штркот шанца (1991); Џинот и седумте џуџиња (1991); Балканот не е мртов (1992); Буре барут (1994); Маме му ебам кој прв почна (1996). Автор е и на сценаријата за играните филмови Светло сиво (1993) и Буре барут (1995).
Според сценариото Буре барут режисерот Горан Паскаљевиќ сними игран филм, копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и од Грција. Филмот учествува на познати светски фестивали и ги добива наградите: FIPRESCI - награда од критиката на Фестивалот во Венеција (1998); Награда на Европската асоцијација на критичарите (Лондон, 1998); Гран-при на Фестивалот во Анталија, Турција (1998); Награда Бронзена камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки (Битола, 1998); Гран-при на Интернационален филмски фестивал (Хаифа, Израел, 1999).
Буре барут е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски кој, покрај праизведбата во Македонскиот народен театар (1994), изведен е и на уште седумнаесет сцени и на речиси толку јазици (Грција, СР Југославија, Хрватска, Германија, Данска, Холандија, Шведска, Јапонија, Бугарија...).
Награди: Награда за најдобар современ драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за драмските текстови Балканот не е мртов (1993) и Буре барут (1995); Гран-при на Интернационалниот театарски фестивал БИТЕФ за драмскиот текст Маме му ебам кој прв почна (Белград, 1997).


Книги од Дејан Дуковски во издание на Блесок:


thumb

ММЕ Кој прв почна

Драма од Дејан Дуковски, еКнига, на македонски.


thumb

Буре барут

Драма од Дејан Дуковски, еКнига, на македонски.


thumb

WTF Started all this?

Драма од Дејан Дуковски, еКнига, на англиски.

Превод: Кит Алеандри и Огнен Чемерски.


thumb

Powder Keg

Драма од Дејан Дуковски, еКнига, на англиски.

Превод: Филип Филиповиќ.




Блесок бр. 13, февруари-март, 2000
      театар, текст: Маме му ебам кој прв почна

Блесок бр. 31, март-април, 2003
      театар, текст: Буре барут






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+