Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Фарук Шехиќ




Фарук Шехиќ, роден на 14 април 1970 г. во Бихаќ, е босанско-херцеговски писател и новинар. Бил припадник на V корпус на Армијата на БиХ од 1992-1995. Еднаш е тешко ранет. Војната ја завршил со чин на поручник. Средно школо завршил во Босанска Крупа, а студирал на Ветеринарниот факултет во Загреб и на Филозофскиот факултет во Сараево. Поезија, проза, есеи, ликовни и книжевни критики објавува од 1998 година.
Книжевната критика го смета за еден од најдаровитите помлади писатели на просторот на бивша Југославија, и предводник на таканаречената прегазена генерација. Неговите книги „Хит депо“ (поезија), „Под притисок“ (куси раскази) и „Транссараево“ (поезија) уживаат култен статус кај читателската публика и се објавени во повеќе тиражи. Член е на Друштвото на писатели на БиХ и на ПЕН центарот на БиХ. Работи како новинар и колумнист во сараевското списание БХ Дани. Живее во Сараево.

Објавени книги: „Песни во настанување“ (поезија, 2000), „Хит депо“ (поезија, 2003), „Под притисок“ (куси раскази, 2004), „Транссараево“ (поезија, 2006, 2007, 2008), „Хит депо, Под притисок, Транссараево, Апокалипса од Recycle Bin“ (reader, 2007, 2008), "Street epistles/Ulične poslanice" („Улични посланија“ поезија, двојазичен избор, 2009). Романот „Книга за Уна“ му е објавен во 2011 година во Сараево и во Загреб.
Добитник е на Наградата на дневниот весник Oslobođenje за најдобра необјавена новинска приказна во 2003-та, Втора награда на издавачката куќа Зоро за збирката „Под притисок“ во 2003-та, Награда на II белградски поетски фестивал „Сепни се! Поезија!“ во 2008 година.


Книги од Фарук Шехиќ во издание на Блесок:


thumb

Книга за Уна

Роман од Фарук Шехиќ, еКнига, на македонски.  

Превод од босански: Игор Исаковски. 

Награда Меша Селимовиќ (2011) 
Награда за литература на ЕУ (2103)
 


thumb

Книга за Уна

Роман од Фарук Шехиќ (2014) 

Превод од босански: Игор Исаковски. 

Едиција с.р., книга 38 

Награда Меша Селимовиќ (2011) 
Награда за литература на ЕУ (2103)
 


thumb

Под притисок

Збирка раскази од Фарук Шехиќ, еКнига, на македонски. 

Превод од босански: Игор Исаковски. 

Раскази брутално искрени, без никаква помисла за политичка коректност.


thumb

Под притисок

Збирка раскази од Фарук Шехиќ (2012)

Превод од босански: Игор Исаковски

Едиција Урбан флуид, книга 13

Раскази брутално искрени, без никаква помисла за политичка коректност.




Блесок бр. 83, март-април, 2012
      проза: Под притисок

Блесок бр. 94, јануари-февруари, 2014
      проза: Книга за Уна






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+