Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Амир Ор




Амир Ор, роден во Тел Авив во 1956, е автор на десет книги поезија. Најновите книги објавени на хебрејски му се Музејот на времето (2007), Ѕверско срце (2010) и Пророштвата на лудакот (2012). Неговите песни, преведени на повеќе од четириесет јазици, се објавени во антологии, списанија за поезија, како и во дванаесет книги во Европа и САД. Меѓу нив се и Песна и Ден (обете објавени кај Дедалус во ОК, во 2004 односно во 2006 г.); Плочи од музејот на времето (АртАарк, САД, 2009); и изборот на шпански и англиски Чудо/Часови (Урпи, САД, 2011).
Ор е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, меѓу кои се и Бернштајовата награда, Фулбрајтова награда за писатели, Премиерската поетска награда Леви Ешкол... Добитник е и на неколку поетски стипендии, меѓу кои и кај Универзитетот на Ајова, Центарот за еврејски-хебрејски студии на универзитетот во Оксфорд, Литературниот колоквиум во Берлин, Фондацијата Хајнрих Бел во Ирска, и во замокот Хауторден во Шкотска.
Ор на хебрејски превел осум книги проза и поезија, меѓу кои се и Евангелие по Томас, Приказни од Махабхарата, и Растргнувачки копнеж; антологија на грчка еротска поезија. За преводите на класичната грчка поезија ја добил Наградата на Министерот за култура
Ор студирал Филозофија и Споредбена религија на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, каде подоцна предавал Старогрчка религија. Предавал поезија и држел работилници за креативно пишување во поетската школа Хеликон, како и на универзитети во Израел, Јапонија, САД и Европа. Објавил бројни есеи за поезија, класични студии и споредбена религија.
Во 1990 г., Ор го ко-основа поетското здружение Хеликон, а потоа таму работи како главен уредник и уметнички директор. Започнал и развил повеќе проекти, меѓу кои се и поетското списание Хеликон и истоимената поетска едиција, меѓународниот поетски фестивал Шаар и Хеликоновата хебрејско-арапска поетска школа.
Сега, Ор е директор на курсевите за креативно пишување и обука на наставници во Кибуцим, а работи и како уредник на поетската едиција на Катув. Израелски уредник е на меѓународното поетско списание Атлас, како и национален координатор во проектот „Поети за мир“, поддржан од ООН. Еден е од основачите на Европската асоцијација на програми за креативно пишување, на меѓународниот Поетски круг и на Светското поетско движење.

Амир Ор е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.


www.amiror.co.il



Блесок бр. 14, април-мај, 2000
      поезија: Гледам низ очите на мајмунот

Блесок бр. 43, јули-август, 2005
      поезија: Јазикот вели

Блесок бр. 77-79, март-август, 2011
      есеи: Пушачи






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+