Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Тод Свифт




Тод Свифт објавил осум книги поезија, од кои најнови се Англија е моја (Монтреал, 2011) и Кога сите разочарувања ми дојдоа одеднаш (Торонто, 2012). Свифт уредил и ко-уредил бројни антологии, меѓу кои и Поетска нација, 100 поети против војната, со Јуан Џонс, Современи канадски поети (2010) и Граден џез: Оксфамова книга на млади британски поети (2011), со Ким Локвуд. Песните му се објавувани во бројни и значајни списанија, меѓу кои и Poetry (Chicago), Poetry London, Poetry Review, Jacket, The Guardian, The Globe и Mail. Песните му се објавени и во клучни северноамерикански антологии, меѓу кои и во The New Canon, Open Field, and Best Canadian Poetry 2008. Пишувал осврти за Books in Canada и Poetry London. Настапил на многу фестивали, меѓу кои и Blue Met, The Ledbury Festival, The Cheltenham Literary Festival, The Haye-on-Wye Festival (во Лондон), Франкфуртски саем на книга, и Maastricht International Poetry Nights. Изведувал поезија ширум Северна Америка и Европа, на настапи во Њујорк, Торонто, Монтреал, Будимпешта, Прага, Париз, Ирска, и Обединетото Кралство.
Како ТВ сценарист, напишал повеќе од 100 часа емитувана програма, за компании како HBO, Fox, Paramount, CBC, Hanna-Barbera и CINAR. Бил уредник за Sailor Moon, и еден од сценаристите на хит ТВ сериите Младиот Робин Худ и Нинџа желки: Следна мутација.
Оженет е, живее во Лондон, каде што предава Англиска книжевност и Креативно пишување на универзитетот Кингстон. Директор е на Eyewear Publishing Ltd, и уредник на The Battersea Review.

Тод Свифт е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.


Книги од Тод Свифт во издание на Блесок:


thumb

Пакет 17

Едиција ЕваТас, 2013 г. 

• Миле Стоиќ: „Ги сакам исплуканите“
• Игор Исаковски: „Светлината ве чека на рецепција“
• Тод Свифт: „Балада за самотниот гостин“


thumb

Балада за самотниот гостин / Ballad of the Solitary Diner

Избрана поезија од Тод Свифт, на македонски и англиски. (2013)
Авторски избор. 

Превод на македонски: Игор Исаковски. 

Едиција EvaTas, книга 15


thumb

Балада за самотниот гостин

Избрана поезија од Тод Свифт, еКнига, на македонски. 
Авторски избор. 

Превод од англиски: Игор Исаковски.


thumb

Ballad of the Solitary Diner

Избрана поезија од Тод Свифт, еКнига, на англиски. 
Авторски избор. 









50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+