Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Матеја Матевски




поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач. Роден е на 13 март 1929 година во Истанбул. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радиотелевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Скопје. Ја вршел функцијата претседател на Републичката комисија за културни врски со странство и член на Претседателството на СР Македонија. Бил уредник во книгоиздателството Кочо Рацин. Предавал Историја на светската драма и театар на факултетот за драмска уметност во Скопје. Бил уредник на литературните списанија Млада литература и Разгледи. Бил претседател на ДПМ и на Советот на СВП, на Рацинови средби и на Македонската книжевна фондација. Член на МАНУ и почесен потпретседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1956 година. Дописен член на северноамериканска Академија на шпански јазик.

Автор е на книгите: Дождови (поезија, 1956), Рамноденица (поезија, 1963). Перуника (поезија, 1976), Круг (поезија, 1977), Липа (поезија, 1980), Раѓање на трагедијата (поезија, 1985), Од традицијата кон иднината (критика и есеистика, 1987), Драма и театар (театарска критика и есеистика, 1987), Оддалечување (поезија, 1990), Црна кула (поезија, 1992), Завевање (поезија, 1996), Светлината на зборот (критика и есеистика), Мртвица (поезија, 1999), Внатрешен предел (поезија, 2000).

Добитник е на наградите: „Награда на ДПМ“, „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Книга на годината“ на Македонската книжевна фондација, „Празник на липите“, Климент Охридски“, Големата награда „Македонско слово“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Горанов венец“, Луковдол, Хрватска, „Блез Сандрар“ во Ивердон (Швајцарија), „Премио Медитеранео“ - специјална награда (Палермо, Италија), „Фернандо Риело“ - светска награда за мистична поезија - за книгата „Црна кула“ (Мадрид, Шпанија), „Жупанчичева листина“ на ДПС (Љубљана. Словенија), „Ергуван“, Чаталџа (Истанбул, Турција), „Атлантида“ (Лас Палмас, Шпанија). Носител е на француските одликувања Легија на честа и Уметност и литература.

Објавени му се 30 книги поезија на 20 странски јазици; објавил над 40 книги преводи од шпански, француски, словенечки, руски, албански и српски јазик.


Книги од Матеја Матевски во издание на Блесок:


thumb

Црна кула

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Циклус за светулките

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Трагите на ветрот

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Скаменетиот Орфеј

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Рано обраќање кон есента

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Рамноденица

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Раѓање на трагедијата

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Откривање на пустината

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Одлазак свица

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на српски.

Превод и препев: Ристо Василевски и Влада Урошевиќ.


thumb

Обраќање до предокот

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Нирвана

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Магли и квечерини

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Липа

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Летот на црвената птица

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Кога одевме во Стамбол

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Заминување на светулката

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Дождови

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Времето на светулката

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Вавилон и други песни

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Балада за времето

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на македонски.


thumb

Zrównanie dnia z nocą

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на полски.


thumb

Torre negra

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на шпански.

Превод: Клеопатра Филипова.


thumb

Oslovovanie predka

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на словачки.

Избор, превод и поговор: Франтишек Липка.


thumb

Odkrivanje puščave

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на словенечки.

Избор: Александар Спасов.
Превод: Иван Минати.


thumb

Nirvana

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на романски.

Избор и превод: Каролина Илика.


thumb

Naissance de la tragédie

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на француски.

Превод од македонски: Мира Сепинсик и Андре Дум.


thumb

Lysmaskens tid

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на шведски.

Избор и превод: Јон Милош.


thumb

Luciérnagas

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на шпански.

Превод од македонски: Клеопатра Филипова.


thumb

Lipà

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на романски.

Превод: Дина Кувата.


thumb

İstanbul'a Gittiğimiz Zaman

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на турски.

Предговор, избор и превод: Суат Енгулу.


thumb

Footprints of the Wind

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на англиски.

Препев од македонски: Евалд Осерс.


thumb

Fluturimi i shpendit të kuq

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на албански.

Превод: Али Алиу, Фатос Арапи, Илинден Спасе.


thumb

Esők

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на унгарски.


thumb

Erbe e laghi

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на италијански.


thumb

Den Forstenede Orfeus

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на дански.

Препев: Јен Сабле и Ингер Крестенсен.


thumb

Časný rozhovor s podzimem

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на чешки.

Избор, препев и поговор: Злата Куфнерова.


thumb

Balladen om tida

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на норвешки.

Избор и препев: Јостаин Сабеа.


thumb

Babele e altri sogni

Поезија од Матеја Матевски, еКнига, на италијански.

Избор и препев: Гаетано Лонго.




Блесок бр. 14, април-мај, 2000
      поезија: Делфи






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+