Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Слободан Мицковиќ




есеист, критичар, романсиер, преведувач. Роден е во Битола на 18 јуни 1935 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Бил член на ДПМ.

Автор е на книгите: Размислувања (критики, 1969), Толкувања (есеи и критики, 1973), Време на песната (есеи и критики, 1983), Поетските идеи на Конески (студија, 1986), Збор и разбор (студии, есеи и критики 1990), Александар и смртта (роман, 1992), Да се убие Апостол (роман, 1994), Канал (роман, 1994), Трета генерација (есеи и критики, 1995), Ах тој Париз што ја испи реката (роман, 1995), Историја на црната љубов(роман, 1996), Промена на Бога (роман, 1998), Книжевни текови (есеи и критики, 1998), Куќата на Мазарена (роман, 1999, 2000, 2002).

Добитник на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, прва награда на издавачката куќа „Зумпрес“, роман на годината на „Утрински весник“, за Куќата на Мазарена.

Почина во Скопје, на 21 мај, 2002.


Книги од Слободан Мицковиќ во издание на Блесок:


thumb

Тоа е тоа

Колумни од Слободан Мицковиќ, еКнига, на македонски.


thumb

Куќата на Мазарена

Роман од Слободан Мицковиќ, еКнига, на македонски.

награда „Роман на годината“ 2000, Утрински весник  


thumb

Куќата на Мазарена

Роман од Слободан Мицковиќ (2002)

Едиција Урбан флуид, книга 02

награда „Роман на годината“ 2000, Утрински весник  





Блесок бр. 14, април-мај, 2000
      проза: Г-дин Дика реши да се убие

Блесок бр. 39, ноември-декември, 2004
      проза: Александар и смртта






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+