Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Тања Балаќ




ТАЊА БАЛАЌ
Родена 1968 година во Скопје. Дипломира 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Престојува во Париз 2003 година на студиски престој. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ. Од 2006 година е претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ. Живее и работи во Скопје.
Адреса: „АВНОЈ“ 8/3-4, 1000 Скопје, Македонија.
Тел:+389 70 303 636; E–mail: tanjabalac@yahoo.co.uk

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ

2012 – Скопје,. Галерија „Око“
2012 – Охрид (Охридско лето) инсталација „Здивот на животот со името втиснат“
2010 – Приштина, Косово, Уметничка галерија
2009 – Истанбул, Турција, Уметничка галерија „Назим Фикмет Таксим“
2008 – Скопје, Национална Уметничка галерија на Македонија – Мултимедијален центар Мала Станица
2008 – Софија, Бугарија, „Културно – информативен центар на Македонија“
2007 – Малме, Шведска, Ј.Т. & АРТ Галерија
2006 – Марибор, Словенија, Галерија на ДЛУМ
2005 – Москва, Русија, Московски Дом на Националноста
2004 – Париз, Франција, Cité des Arts
2004 – Нови Сад, Србија, Културен центар – Нови Сад
2003 – Скопје, Македонија, Музеј на град Скопје
2002 – Белград, Србија, Галерија „Белград“; Зрењанин, Србија, Галерија „Духовен центар“; Бања Лука, Република Српска, Уметничка галерија, „1000 километри долга љубов“
1999 – Скопје, претставништво на ЈАТ (хуманитарна изложба за децата на Југославија заедно со Љупчо Бојаров и Вујка Радивојевиќ – Бојаров)
1997 – Скопје, Културно – информативен центар – КИЦ, (изложба по повод наградата „Методија Ивановски – Менде“)
1996 – Скопје, Културно – информативен центар – КИЦ; Кичево, Дом на културата „Кочо Рацин“; Куманово, Уметничка галерија
1992 – Скопје, Културно – информативен центар – КИЦ; Тетово, Дом на културата; Охрид, Кафе галерија – Мецофорте

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ

Учествувала на повеќе од 80 групни изложби во Македонија и странство: Франција, Америка, Полска, Бугарија, Србија, Русија, Шведска…

НАГРАДИ

2003 – Награда за сликарство на изложбата „ПЕЈЗАЖ“ на ДЛУМ
2001 – Награда за цртеж „Никола Мартиновски“ на изложбата „ЦРТЕЖ“ на ДЛУМ
1996 – Награда за сликарство „Методија Ивановски – Менде“ на изложбата „Сликарство мал формат“ на КИЦ
1995 – Награда за млад автор „Константин Мазев“ на изложбата „Сликарство мал формат“ на КИЦ
1992 – Награда на изложбата „Жена – симбол и инспирација“ Дом на културата Кочо Рацин



Блесок бр. 86, септември-октомври, 2012
      галерија, изложба:






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+