Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Ристо Лазаров




Ристо Лазаров е роден на 3 октомври 1949 година во Штип. Завршил југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како новинар. Добитник е на повеќе награди и признанија. Објавил и повеќе препеви, како и критики и есеи. Претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ.

Книги поезија: Ноќна птица во паркот (1972), Јана (1980), Грозен кикот (1983), Капки кисела вистина (1985), Лет(о) преку океанот (1988), Горјан во Дорјан (1988), Одрони, избор (1988), Точка на вриење (1990), Од Битола појдов (1993), Одвајнадежна (1993), Силјан Штркот уште еднаш ја облетува Македонија (1995), Siljan the Stork Flies Over Macedonia Once Again (на англиски, 1996), История болезни (на руски, 1996), Јаве, избор (1998), Херакле (1998), Колумбо (2000), Тројца за преферанс (2001), Одмолчена (2003), Ненадејна (2005), Чехопек (2006, 2007), Силян Щърка още веднъж лети над Македония (на бугарски, 2006), Е Beftë (на албански, 2006), Heraklej (на словенечки, 2006), Čechovabeni (на чешки, 2007), Среде (2008).

Автор е на публицистичките книги: Прво лице еднина (интервјуа) и Лист по лист.
Добитник на наградите на РТВ Скопје на СВП, „Браќа Миладиновци“, „13 Ноември“, Прва награда за песни на „Празник на липите 2000“ на ДПМ, „Млад борец“, „Осми Ноември“, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.


Книги од Ристо Лазаров во издание на Блесок:


thumb

Среде

Поезија од Ристо Лазаров, еКнига, на македонски. 

награда Браќа Миладиновци, СВП, 2008  

Богата со значења, лексиката на Лазаров е раскошна и распеана.


thumb

Среде

Поезија од Ристо Лазаров (2008) 

Едиција Бореа, книга 15 

награда Браќа Миладиновци, СВП, 2008  

Богата со значења, лексиката на Лазаров е раскошна и распеана.




Блесок бр. 15, јуни-јули, 2000
      поезија: Силјан Штркот уште еднаш ја облетува Македонија

Блесок бр. 89, март-април, 2013
      поезија: Дневната светлина на историјата






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+