Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Митко Маџунков




романсиер, раскажувач, драмски автор, есеист. Роден е во Струмица на 19 март 1943 година. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на Филолошкиот факултет во Белград на групата општа книжевност и теорија на книжевноста. По дипломирањето останува да живее во Белград. Работи во Библиотеката на град Беград.
Автор е на книгите: раскази - Чудна средба (Белград 1970), Уби го зборливото куче (Белград 1973), Над троскотот облаци (Скопје 1974), Мирисот на земјата (Скопје 1984). Куси прози: Меѓата на светот (Скопје 1990), Бегството и повторното раѓање на зографот, Дрвото на Нарајана (Скопје 1998). Романи: Кула на Ридот (Скопје 1981), Домот на Александар (Скопје 1992), Кон другата земја (Скопје 1993). Автор е на повеќе драми изведувани на театарските сцени и објавувани во посебни книги.
Добитник е на наградата Рациново признание.



Блесок бр. 16, август-септември, 2000
      проза: Куќата на лудаците

Блесок бр. 33, јули-август, 2003
      проза: Циркус






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+