Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Кристина Зимбакова




Родена е на 8 мај 1975 година во Струмица, каде завршува основно и средно образование. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје (1999), на групата за англиски јазик и книжевност – преведувачка и наставна насока. Една година го посетува колеџот Ealing Tertiary College во Лондон, каде (1998) се здобива со сертификат за одлично владеење со англискиот јазик – Cambridge Proficiency.
Нејзина посебна преокупација е превод на поезија. Почнувајќи од април 2000 година преведува книжевни текстови и поезија од македонски и англиски за списанието на Интернет - Блесок, меѓу кои е поважен изборот на поезија од Силвија Плат и Леонард Коен. Овде објавува и сопствен есеј под наслов Кругот се отвора - надвор постои живот. За Блесок го превела од македонски на англиски филозофското дело Големата градба и други разговори со Непознатиот од Ферид Мухиќ.
Член е на Претседателството на Македонското миколошко друштво, во рамките на кое учествува во различни домашни и меѓународни проекти, каде предмет на истражување се габите. Преведува и стручни текстови од областа на микологијата.
Освен со изучување на габите, се занимава и со апстрактно сликарство.
Од 1999 година работи како преведувач во Центарот за печат и информации на НАТО во Скопје.



Блесок бр. 16, август-септември, 2000
      есеи: Кругот се отвора - надвор постои живот






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+