Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Блаже Миневски




раскажувач, романсиер и драмски автор. Роден е на 1 април 1961 година во Гевгелија. Основно и средно образование завршил во Кавадарци. Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како новинар работел во повеќе рубрики. Сега е репортер во весникот „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1992 година.
Автор е на книгите: Солзи во очите на тате (раскази, 1984), Ниски вежби (раскази, 1988), Црниот пердув (роман, 1990), Заседи за белиот сон (раскази, 1992), Ледно око (раскази, 1996), Балкан за деца (роман, 1996), Требаше да се сликаме пред да се замразиме (роман, 1998). Автор е на драмите: Крик, изведена во 1991 година, Лулка, изведена во 1992 година, Женски прилог за ноќта, изведена во 1993 година, Подготовки за добра смрт, изведена во 1994 година, Немушт јазик, изведена во 2000 година. Сите драми на Блаже Миневски се објавени во книгата со наслов Бивши луѓе (2000).
Добитник на високи новинарски признанија: наградата Крсте Мисирков на Здружението на новинарите на Македонија (двапати) и двапати прва награда за репортажа на Нова Македонија. Застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ. Преведен на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик.



Блесок бр. 08, април-мај, 1999
      проза: Балкан за деца

Блесок бр. 38, септември-октомври, 2004
      проза: Орелот и Агнија

Блесок бр. 67-68, јули-октомври, 2009
      проза: Слово горко, слово жалосно

Блесок бр. 89, март-април, 2013
      проза: Татко






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+