Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Јанис Елсбергз




Јанис Елсбергз е роден во Рига, Летонија, во 1969 година. До неодамна своите книги ги публикуваше под псевдонимот Јанис Рамба. Неговата мајка, поетесата Визма Белшевица, се смета за најеминентна фигура во летонската литература. Неговиот брат Клаус Елсбергз, десет години постар од него, најпознатиот поет од својата генерација, е убиен на дваесет и осумгодишна возраст по нејасни политички околности. Во моментов Јанис Елсбергз е слободен автор, но претходно бил уредник на неколку литературни списанија и претседател на Друштвото на млади летонски писатели. Преведува современи американски и англиски автори, особено драмски писатели, како и Шекспир. Има објавено три збирки поезија што привлекле големо внимание: Најчистото нешто (1993), Утринско кафе (1996) и Булеварот Дагавас (2000). Негови песни се преведени на англиски, како И на јазиците од балтичките и нордиските земји.



Блесок бр. 18, јануари, 2001
      поезија: Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+