Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Алеш Дебељак




Алеш Дебељак, (1961 - 2016) дипломирал компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Љубљана, докторирал социологија на културата на Универзитетот Сиракјуз во Њу Јорк. Бил Фулбрајтов стипендист на калифорнискиот универзитет Беркли, работел на Институтот за напредни студии во Будимпешта, бил советник во центрите Сивитела Раниери и Болјаско Лигурија. На словенечки објавил 14 книги културолошки есеи и осум книги поезија, ги превел избраните песни на Џон Ешбери и книга за социологија на знаењето, а уредил и повеќе антологии. Добитник е на повеќе меѓународни, југословенски и словенечки награди, меѓу кои и националната Прешернова награда и титулата Амбасадор на наука на Република Словенија. Книгите му се објавени во превод на англиски, јапонски, германски, француски, хрватски, српски, македонски, полски, литвански, романски, албански, фински, унгарски, чешки, словачки, шпански, каталонски и италијански. Уредник е на меѓународните списанија за култура Сараевски тетратки и Verse, и гостин-уредник на Cultural Sociology и www.fastcapitalism.com. Постојан гостувачки професор е на колеџот Европа во Варшава, а во 2006/07 бил професор по Меѓународни студии на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго. Редовен професор по културологија на Факултетот за општествени науки при Универзитетот во Љубљана. Член е на Европскиот совет за меѓународни односи (Лондон-Берлин-Париз-Мадрид-Софија). Со својата жена, писателката Ерика Џонсон Дебељак, и нивните три деца, живее во Љубљана.

Алеш Дебељак беше член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.


Книги од Алеш Дебељак во издание на Блесок:


thumb

Пакет 08

Едиција ЕваТас, 2010 г. 

• Алеш Дебељак: „Космополис“
• Павле Горановиќ: „Читање на тишината“
• Бранко Чегец: „Нуркање на здив“




thumb

Cosmopolis

Избрана поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на англиски.

Превод на англиски: Кристофер Мерил, Ендрју Завацки и Алеш Дебељак.

со градите, во кои воздухот се претвора
во тон, дишам


thumb

Kozmopolis

Избрана поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на словенечки.

со градите, во кои воздухот се претвора
во тон, дишам


thumb

Космополис

Избрана поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на македонски.

Превод на македонски: Игор Исаковски.

со градите, во кои воздухот се претвора
во тон, дишам


thumb

Под површината

Поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на македонски.  

Превод од словенечки: Игор Исаковски. 

Под површината го собира во себе она кое некогаш било горе, кое сме го дишеле. Сега, фрлени под вода, во една темнина и влажнотија која ни ги гуши гласовите, можеме само да се обидуваме да испливаме нагоре.


thumb

Избрани песни

Поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на македонски.

Избор, предговор и препев од словенечки: Лидија Димковска


thumb

Избрани есеи

Есеи од Алеш Дебељак, еКнига, на македонски.

Избор и превод: Игор Исаковски.


thumb

Залез на идолите

Есеј од Алеш Дебељак, еКнига, на македонски.

Од хрватскиот превод на Б. Чегец,  превел Игор Исаковски.


thumb

Twilight of the Idols

Есеј од Алеш Дебељак, еКнига, на англиски.

Превод: Мајкл Бигинс.


thumb

Sumrak idola

Есеј од Алеш Дебељак, еКнига, на хрватски.

Превод: Бранко Чегец.


thumb

Somrak idolov

Есеи од Алеш Дебељак, еКнига, на словенечки.


thumb

Selected Essays

Избрани есеи од Алеш Дебељак, еКнига, на англиски.

Превод: Игор Исаковски.


thumb

Miasto i dziecko

Поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на полски.

Превод: Катарина Шаламун-Беджедска.


thumb

Mesto in otrok

Поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на словенечки.


thumb

Kaupunki ja lapsi

Поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на фински.

Превод: Кари Клемела.


thumb

Izbrane pesmi

Поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на словенечки.


thumb

The City & the Child

Поезија од Алеш Дебељак, еКнига, на англиски.

Превод: Кристофер Мерил и авторот.


thumb

Космополис / Kozmopolis / Cosmopolis

Избрана поезија од Алеш Дебељак, на македонски, словенечки и англиски. (2010) 

Превод на македонски: Игор Исаковски.
Превод на англиски: Кристофер Мерил, Ендрју Завацки и Алеш Дебељак.
 

Едиција EvaTas, книга 04

со градите, во кои воздухот се претвора
во тон, дишам


thumb

Под површината

Поезија од Алеш Дебељак (2008)

Превод од словенечки: Игор Исаковски. 

Едиција Бореа, книга 17

Под површината го собира во себе она кое некогаш било горе, кое сме го дишеле. Сега, фрлени под вода, во една темнина и влажнотија која ни ги гуши гласовите, можеме само да се обидуваме да испливаме нагоре.


thumb

Избрани есеи

Избрани дела од Алеш Дебељак, во два тома. Том втор. (2004)

Избор и предговор: Игор Исаковски
Превод: И. Исаковски, Елизабета Баковска, Ана Димишковска Трајаноска
Фотографии: Саша Хемон (?), Калина Буневска Исаковска, Ерика Џонсон Дебељак

Едиција Еа, книга 01  


thumb

Избрани песни

Избрани дела од Алеш Дебељак, во два тома. Том прв. (2004)

Избор, превод и предговор: Лидија Димковска
Фотографија на авторот: Ерика Џонсон Дебељак


Едиција Морфеј, книга 03




Блесок бр. 106, март-април, 2016
      поезија: Поезија

Блесок бр. 18, јануари, 2001
      есеи: Предупредувачката нужност на државните ритуали
      есеи: Европа, Америка и Атлантскиот мост

Блесок бр. 26, мај-јуни, 2002
      есеи: Во потрага по архетип

Блесок бр. 32, мај-јуни, 2003
      есеи: Прослава на невозможното

Блесок бр. 47, март-април, 2006
      есеи: Реконструирање на европезимот?

Блесок бр. 63, ноември-декември, 2008
      есеи: Несоницата и поезијата на сведоштвото

Блесок бр. 71-73, март-август, 2010
      поезија: Космополис






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+