Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Михаил Ренџов




поет, преведувач. Роден е на 25 август 1936 година во Штип. Завршил гимназија во родниот град, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ.
Автор е на книгите: Иселеник на огинот (поезија, 1965), Ноќно растење на зборот (поезија, 1967), Каде од оваа страна (поезија, 1968), На работ од сонот (поезија, 1972), Страв (поезија, 1976), Полноќ (поезија, 1979), Нерези (поезија, 1982), Аутодафе (поезија, 1985), Феникс (поезија, сонети, 1987), Земја. Потоп (поезија, 1991), Сонување патување (книга за деца, 1991), Тој (лирска поема, 1993), Шпил 33 (поезија, 1994), Вечната бесконечната (поезија, 1996), Јас оксиморон (поезија, 1998), Ангела сонува (поезија за деца, 1998), Псалми (поезија, 2000), Апокалипса (драмска поема, 2002), Раскази за Захариј (раскази, 2004).
Покрај повеќето препеви, автор е на препевот на Гилгамеш, асиро-вавилонски еп (3 изданија: 1994, 1997, 2000).
Добитник е на наградите: Награда на СВП за необјавена песна (1964), „Ноемвриска награда на градот Штип“ за книгата „Иселеник на огнот“ (1965), „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата „Нерези“ (1982), „Григор Прличев“ за препевот на книгата „Тиранија на сонот“ од Каролина Илика, „Прличев ловоров венец“ за поемата „Тој“ (1993), "Grand prix international" за севкупно творештво, Романија (1997), „Златно перо“ за препевот на книгата „Мудрости и горчини“ од Дритеро Аголи (1998). „Ацо Шопов“ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), Македонска номинација за наградата „Балканика“ (2000), „Рациново признание“ за „Раскази за Захариј“ (2004).

Михаил Ренџов бил прв уредник на Блесок Поезија


Книги од Михаил Ренџов во издание на Блесок:


thumb

Маяк

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на руски.


thumb

Les différences

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на француски.


thumb

Poet

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на англиски.


thumb

Светилник

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на македонски.


thumb

Различности

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на македонски.


thumb

Поет

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на македонски.


thumb

Апокалипса

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на македонски.


thumb

Apocalypse

Поезија од Михаил Ренџов, еКнига, на англиски. 

Препев: Елизабета Баковска.


thumb

Апокалипса


Поезија од 
Михаил Ренџов
(драмска поема) (2002)

Едиција Бореа, книга 01




Блесок бр. 01, март, 1998
      поезија: Песната и пеперугата






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+