Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Јелена Лужина




Јелена Лужина (1950, Дубровник), театролог, редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што ги предава предметите Македонска драма и театар и Теорија и методологија на театролошките истражувања. Втемелувач е на Институтот за театрологија при ФДУ, чиишто истражувачки тимови реализирале повеќе капитални научни проекти.
Четириесет години континуирано објавува театролошки, книжевно-теориски и есеистички текстови, создавајќи исклучително обемна авторска библиографија пишувана на повеќе јазици.
Објавила десетина авторски книги, меѓу кои и двотомната историја на македонската драма (Македонската битова драма, 1995; Македонската нова драма, 1996.). Приредила триесетина зборнички, антологиски, хрестоматски и монографски изданија, меѓу кои и големите монографии за повеќе македонски актери/режисери (Ристо Шишков, 2002; Илија Милчин, 2003; Петре Прличко, 2004). Како главен редактор, го раководела тимот кој ја реализирал дигиталната енциклопедија Театарот на македонската почва, награден со највисоката државна награда во областа на науката Гоце Делчев (2003). Нејзината книга Марин Држиќ: Комедии и пасторали во 2009 година ја доби наградата Davidias, која Друштвото на хрватските писатели ја доделува за најдобар превод на хрватската книжевност објавен во странство.
Членка е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот П.Е.Н. Центар и на Друштвото на хрватските писатели.


Книги од Јелена Лужина во издание на Блесок:


thumb

Есеј(от) како вежбалиште

Есеи од Јелена Лужина, еКнига, на македонски.

Награда „Димитар Митрев“, 2010 
(најдобра книга есеи)

Веќе стотина години, книжевната наука се отепува од докажување оти литературата е навистина „тешка форма“.


thumb

Избрани есеи

Есеи од Јелена Лужина, еКнига, на македонски.


thumb

Selected essays

Есеи од Јелена Лужина, еКнига, на англиски.


thumb

Есеј(от) како вежбалиште

Есеи од Јелена Лужина (2010)

Едиција Индра, книга 06

Награда „Димитар Митрев“, 2010
(најдобра книга есеи)

Веќе стотина години, книжевната наука се отепува од докажување оти литературата е навистина „тешка форма“.




Блесок бр. 07, февруари-март,1999
      театар, теорија: Театарот во потрага по својот нов идентитет

Блесок бр. 19, февруари-март, 2001
      театар, теорија: Освојување на слободата

Блесок бр. 25, март-април, 2002
      критика: Балканската еретика на љубовта

Блесок бр. 28, септември-октомври, 2002
      театар, осврти: Шишков – Синтеза

Блесок бр. 47, март-април, 2006
      театар, теорија: Интеркултуралноста: тренд, егзотика, естетика, поетика и...така натаму!

Блесок бр. 57, ноември-декември, 2007
      есеи: Црнила како национална драма

Блесок бр. 65, март-април, 2009
      есеи: Особеноста и очуденоста на драмското/театарското паметење
      критика: За што, навистина, станува збор?

Блесок бр. 76, јануари-февруари, 2011
      есеи: Есеј за манипулацијата






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+