Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Глигор Чемерски




Глигор Чемерски (1940 - 2016) Кавадарци, Република Македонија. Се образувал во Скопје, Белград и во Париз: Академија за ликовна уметност и постдипломски студии завршил во Белград во 1965 година, а како стипендист на француската влада во 1969-1970 година престојува во Париз. Оттогаш често престојува и работи во Париз. Последните години е еден од постојаните сликари на Galerie du Fleuve во Париз.
Глигор Чемерски е сликар, графичар, мозаичар. Од 1959 година до крајот на шеесеттите години интензивно се занимава и со ликовна есеистика како еден од застапниците на уметничката слобода и интелектуалната победа на повоената модерна. Антологиски есеј му е „Жива Византија“, 1977 година.
Други студиски престои: Египет, Грција, Италија, Шведска, САД.
Од 1962 година, кога првпат самостојно изложува во Скопје, следуваат триесетина индивидуални изложби во Охрид, Струмица, Кавадарци, Белград, Загреб, Будва, Александрија, Париз, Хаг, Вашингтон, Вилмингтон, Феетвил, итн. Македонското и југословенското сликарство во периодот до 1991 година ги претставувал во Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Дубровник, Пореч, Париз, Рим, Александрија, Истанбул, Софија, Прага, Грац, Букурешт, Москва, Мадрид, Копенхаген, Мексико Сити, Њујорк, Хаг, Даблин, Белфаст, Глазгов...
Остварил повеќе монументални дела во Скопје, Вруток, Кавадарци и во Кочани. Споменикот на слободата во Кочани вклучува мозаични фризови од 320м2.
За своето сликарско гворештво добил голем број најзначајни признанија и награди од кои последната е Гран при на третиот „Зимски салон“ во Скопје, 1994 година.



Блесок бр. 03, јуни-јули, 1998
      галерија, изложба:

Блесок бр. 107, мај 2016
      галерија, изложба: Глигор Чемерски - Гиче

Блесок бр. 28, септември-октомври, 2002
      галерија, изложба:

Блесок бр. 56, септември-октомври, 2007
      галерија, изложба:

Блесок бр. 75, ноември-декември, 2010
      галерија, изложба:






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+