Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Коле Чашуле




романсиер, драмски писател и публицист. Роден е 1921 година во Прилеп. Бил на разни функции во општествениот и културниот живот. Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“. Бил директор на драмата при Македонскиот народен театар. Бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил. Еден од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија. Бил претседател на ДПМ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Независни писатели на Македонија.

Автор е на следните дела: Драми - Една вечер (1948), Последните гаврани (1950), Задруга (1950), Вејка на ветрот (1957), Бразда (1958), Црнила (1960), Игра или социјалистичка Ева (1961), Градскиот саат (1965), Вител (1966), Партитура за еден Мирон (1967), Земјаци (1967), Тројца и вистината (1967), Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт (1975), Суд (1978), Житолуб (1981), Дивертисман за еден Стрез (1967-1990), Роднокрајци (1987), Тибурсио и Синфороса, (1988), Вејка, два (1989), Сон прв (1991), Сон втор и по него друг (1992), Модус мориенди (1992), Лакримула (1993), Маркучот во четири гласа (1995). Романи - Простум (1970), Премреже 1-2 (1977), Вомјази (1981), Имела (1982), Горчила (1983), Канадски фрагменти (1985), Конзулски писма (1987), Така е, ако ви се чини (1994), Лимб (2002), , Тој што нема име (2004). Книги раскази - Првите дни (1950), Раскази (1953), Само сказни (2000). Книги есеи - Записи за нацијата и литературата (1985), Нови записи (1989), Македонски дилеми (1992), Резиме за мојата генерација (1998), Болно племе (2000).

Член е на МАНУ.

Добитник е на наградите: За драмски опус „Марин Држиќ“, „11 Октомври“, и „Стале Попов“, „Стериина награда“, Награда за книжевен опус на „Мисла“, „4 Јули“ и други.


Книги од Коле Чашуле во издание на Блесок:


thumb

Црнила

Драма од Коле Чашуле, еКнига, на македонски.


thumb

Суд

Драма од Коле Чашуле, еКнига, на македонски.


thumb

Вител

Драма од Коле Чашуле, еКнига, на македонски.


thumb

Whirlpool

Драма од Коле Чашуле, еКнига, на англиски.

Превод: Илија Чашуле.


thumb

Trial

Драма од Коле Чашуле, еКнига, на англиски.

Превод: Илија Чашуле
Дополнителен превод и лектура: Елизабета Баковска.


thumb

Darkness

Драма од Коле Чашуле, еКнига, на англиски.

Превод: Илија Чашуле.




Блесок бр. 19, февруари-март, 2001
      проза: Земјаци
      театар, текст: Црнила






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+