Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Александар Прокопиев




роден 1953, Скопје. Прозаист и есеист.
Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Вработен е во институтот за македонска литература при Филолошкиот факултет во Скопје.
Проза: Младиот мајстор на Играта, 1983; …или…, 1987; Пловидба кон Југ, 1988; Слово за змијата, 1992; Арс аматориа, 1997 (избор раскази на српски); Арс аматориа, 1998; Човекот со четири часовници, 2003.
Есеи: Дали Калимах беше постмодернист?, 1994.
Член на Независни писатели на Македонија.
Учествувал во создавањето на некои интересни но кусовечни списанија (ММ, Еднорог, Тренд, Универзум, Знак). Бил член на редакцијата на Спектар, сега е еден од уредниците на СУМ.
Уредник на Наше писмо, списание на Независни писатели на Македонија.
Го живеел рокенролот во групите Идоли, Уста на уста, и уште неколку понепознати.
Сè уште со алтернативната дружина Ситуакција се разоткрива преку низа сценски проекти.

Александар Прокопиев бил уредник на Блесок Проза



Блесок бр. 01, март, 1998
      проза: Три тетки
      есеи: Интернет на дело

Блесок бр. 04, август-септември, 1998
      поезија: Мачки

Блесок бр. 101-102, ноември-декември, 2015
      проза: МАРА ЈОСИФОВСКА 3

Блесок бр. 30, јануари-февруари, 2003
      проза: Ethica Anthropofagon






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+