Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Србо Ивановски




поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. Роден е 1928 година во Штип. Дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Во литературата се јавува веднаш по Војната. Работел како уредник во Телевизија Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1949 година. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Ги објавил следните книги: Поезија - Лирика (1950), Желби и меѓи (поема, 1950), Средби и разделби (1953), Бели крикови (1956), Маѓепсан патник (1966), Пена од планината (1972), Прстен на времето (1993), Горчлив корен (1994), Челуст на времето (1996), Близу до животот близу до смртта (1998). Проза - Жена на прозорецот (раскази, 1955), Осамени (роман, 1957), Мартин Нуната (роман, 1979), Леонида трча окрвавен (роман, 1980), Кога тетин Клименте шеташе над градот (раскази 1982), Додека го чекавме Андреја (роман, 1990), Балада за исчезнатите (роман, 1994), Неподобниот (роман, 1997). Песни за деца - Сончево око и Босоноги пеперуги.
Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ“.



Блесок бр. 23, октомври-ноември, 2001
      поезија: Враќање на поразениот

Блесок бр. 35, март-април, 2004
      проза: Сите свршувачки на тетка Љуба






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+