Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Снежана Букал




Снежана Букал е родена во Белград, во зимата 1957. Дипломирала Општа книжевност. Има две весели ќерки. Живее во Холандија од 1992 - од пишување и до сеќавања. Минатата година се преселила од Амстердам во Мастрихит, кадешто по првпат во животот се справува со самотијата. Моментално ги запишува првите страници од романот за Теофана (958-991), византиска принцеза со сомнително потекло, којашто на почетокот на минатиот милениум го започнала процесот на женската еманципација. Редовно објавува проза во холандските литературни списанија (Tweede ronde, Lust & Gratie, Bunker Hill, итн.) како и есеи во угледниот неделник Vrij Nederland. Преведена е на македонски, словенечки, француски и англиски. Член е на Холандското друштво на писателите од 1996. Ја следи југословенската проза и за Фондот за странски писатели пишува рецензии за книги од српско-хрватското говорно подрачје.

Библиографија:

- Темна страна (Tamna strana), Matica srpska, Novi Sad 1986
- Пазикуќа (Cuvarkuca), Manufaktura snova, Beograd 1984
- Het vliegend hert, (Пазикуќа) превод Reina Dokter, De bezige bij, Amsterdam 1996
- Eerste sneeuw, (Првиот снег) роман, превод Reina Dokter, De bezige bij, Amsterdam 1997
- Een dolk om Zelf te doden (Бодеж за самоубиство; превод Reina Dokter и Roel Schuyt)), збирка есеи за идентитетот и национализмот, во подготовка, есен 2001
- Spooren van anwizigheid (Трагови на присутноста; превод Reina Dokter) збирка раскази, во подготовка, есен 2001.
- Првиот снег, Narodna knjiga, Beograd 2001 (ракописот обиколи многу редакции во Белград, од 1995, кога е напишан. За жал. Уредникот Васа Павковиќ тврди дека романот само што не излегол.)

Книги за деца:

- VerjaardagsVerhalen, (Роденденски приказни) збирка раскази, група автори, Gottmer, Harlem 1998
- Dikke Pil, (Лута трева) збирка раскази, група автори, Gottmer, Harlem 1999
- Goed fout!, (Исправно погрешно!) збирка раскази, група автори, Kwint'essens, Utrecht 2000
- Waarom Dora Koen sloeg (Зошто Дора го удри Коена) детски роман, Kwint'essens Utrecht 2000 (сиот тираж е продаден за помалку од два месеци! Чудо невидено. Ново издание во почетокот на летото 2001!)


Книги од Снежана Букал во издание на Блесок:


thumb

Без збогум на сето тоа

Раскази од Снежана Букал, еКнига, на македонски.


thumb

Без збогум на сето тоа

Раскази од Снежана Букал (2015) 

Превод од хрватски: Калина Буневска Исаковска. 

Едиција Урбан флуид, книга 20


thumb

Тајната на детето Иво

Роман од Снежана Букал, еКнига, на македонски. 

Превод од српски: Калина Буневска Исаковска. 


thumb

Пакет 19

Бушавко 1-3 (првите три книги од едицијата за деца и ним слични, заедно!)

Дамир Милош: „Белиот кловн“
Снежана Букал: „Тајната на детето Иво“ 
Френсборг и Нилсон: „Елен, Полската Глувчица и тајната“


thumb

Пакет 18

Три жени со своите изразени ракописи – во проза!

• Оливера Николова: „Куќичка“
• Мелина Камериќ: „Чевли за доделување Оскар“
• Снежана Букал: „Првиот снег“


thumb

Тајната на детето Иво

Роман од Снежана Букал (2013) 

Превод од српски: Калина Буневска Исаковска. 

Едиција Бушавко, книга 02


thumb

Првиот снег

Роман од Снежана Букал (2013)

Превод од српски: Катица Гароска Ацевска.

Едиција с.р., книга 29


thumb

Првиот снег

Роман од Снежана Букал, еКнига, на македонски.

Превод од српски: Катица Гароска Ацевска.



thumb

Prvi sneg

Роман од Снежана Букал, еКнига, на српски.




Блесок бр. 19, февруари-март, 2001
      проза: Омега, како некогаш ветрот во тополите






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+