Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Роберт Алаѓозовски




Роберт Алаѓозовски е роден на 27.10.1973 год. во Струмица, СФРЈ. Следејќи го генералниот социо-економски и политичко-културолошки тренд во својата земја има отворено интелектуален драгстор (со нерегистрирана фирма), што работи нон-стоп. Од неговото дуќанче досега излегло:

- магистратура на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје (на тема „Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза“);
- зборник уметнички и неуметнички текстови „Флорилегиј“ (на интернет, во издание на Блесок);
- преку 150 рецензии, критики, есеи, прилози и дузина студии од областа на филмот, литературата, театарот и од интердисциплинарни теми, објавени во повеќе весници и списанија: „Кинопис“, „Наше Писмо“, „Блесок“, „Сум“, „Маргина“, „Идентитети“ „Сцена“, „Театарски гласник“,„Студентски збор“, „Дневник“, „Балканис“, „Транситионс он лине“, „Тиме.цом.Еуропе“;
- неколку преводи на текстови и книги за Маргина, Блесок, Магор, Евробалкан;
- Учество на неколку симпозиуми, семинари, летни школи, дебати (во организација на Кинотеката на Македонија, Филолошкиот Факултет од Скопје, Трансјуропиан - Париз, Евробалкан - Скопје, Женски Студии - Загреб, Темплум, Точка и др.);
- соработка со Македонската Телевизија и Телевизија Сител;
-учество во два изборни циклуси (Локални 2000 и Парламентарни 2002).

За својата успешна работа и совесно залагање ги има добиено следниве признанија и статусни симболи:
- уредник за култура во „Студентски збор“ (2000-2002);
- уредник за театар во интернет списанието „Блесок“ (2002-2005)
- награда на поетскиот фестивал „Поткозјачки средби“, Куманово (1994)
- откупна и втора награда на Конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, (1996 и 1997 година);
- учество во антологијата на краток расказ на Катица Ќулавкова „Царски Рез“;
- претседател на ФСМ (Феријален Сојуз на Македонија)
- претседател на Лигата за Демократија (0.4% популарност)
- претседател на Бордот на Транјуропиан-Македонија (во процес на затварање).

Во хороскопот е Шкорпија-Близнаци-Шкорпија...

e-пошта: ralagoz@freemail.org.mk


Книги од Роберт Алаѓозовски во издание на Блесок:


thumb

Флорилегиј

Зборник од Роберт Алаѓозовски, еКнига, на македонски.


thumb

Блесок - избор: Еа.01

Избрани есеи, уредник: Роберт Алаѓозовски, еКнига, на македонски.


thumb

Florilegium

Зборник од Роберт Алаѓозовски, еКнига, на англиски.

Превод: Петар Волнаровски.


thumb

Blesok - selection: Ea.01

Избрани есеи, уредил Роберт Алаѓозовски, еКнига, на англиски.




Блесок бр. 19, февруари-март, 2001
      галерија, осврти: Спектрален поглед врз идеолошките аспекти на творештвото на О. Стоун и С. Ли

Блесок бр. 26, мај-јуни, 2002
      театар, осврти: Есеизам каков што сè помалку го има

Блесок бр. 27, јули-август, 2002
      галерија, осврти: Постмодернизмот во македонскиот филм - I дел

Блесок бр. 28, септември-октомври, 2002
      галерија, осврти: Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

Блесок бр. 30, јануари-февруари, 2003
      театар, осврти: Реди Мејд-от и македонскиот театар

Блесок бр. 34, септември-октомври, 2003
      галерија, осврти: Жал за Guerreνικα

Блесок бр. 39, ноември-декември, 2004
      критика: Куќа/праг-хоризонт: Номадското искуство






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+