Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Лидија Капушевска-Дракулевска




Лидија Капушевска-Дракулевска (1962)
Редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Член е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC/ENCLS) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC/ICLA). Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски текстови и компаративно проучување на книжевните феномени (македонската литература во европски контекст, имагологија, интеркултурни релации, меморија и уметност...).

Објавени книги:
• Во лавиринтите на фантастиката
: фантастичниот расказ во македонската литература (1998, 2004 – второ издание)
• Поетика на несознајното
: симболистички импулси во современата македонска поезија (2001)
• Поетика на изненадувањето
: надреалистички импулси во современата македонска поезија (2003)
• Маргарита по трагите на Мајсторот
: есеи и студии (2006) и
• Калеидоскоп
: студии и есеи (2011).

Приредени книги:
• Антологија на светската лирика
(1994) заедно со Маја Бојаџиевска
• Ден во Скопје,
антологијата на скопски раскази (1998)
• Куќа – цел свет:
тематскиот избор („Куќа. Праг”) од македонската поезија (2004 – двојазично, на македонски и на англиски јазик)
• Влада Урошевиќ, Непредвидени прошетки (избор поезија / избор раскази), избор и предговор (2008)
• Иван Џепароски, Волја за мисла (избор поезија), избор и предговор (2008)
• Тешка ноќ:
антологијата на современиот македонски фантастичен расказ (2009)
• Кога пеперугата станува песна
- избор од македонската современа поезија на фламански (2010) заедно со Владимир Мартиновски.

Лидија Капушевска-Дракулевска е уредничка на Блесок Есеи и Блесок Критика.



Блесок бр. 100, септември, 2015
      есеи: Неиспорачано писмо

Блесок бр. 103-104, декември, 2015
      критика: ПО ПОВОД ЕДНА МОШНЕ НЕОБИЧНА АНТОЛОГИЈА

Блесок бр. 114-115, јули-август, 2017
      критика: ВЛАДА УРОШЕВИЌ И НАДРЕАЛИЗМОТ

Блесок бр. 20, април-мај, 2001
      критика: Неподносливата леснотија на раскажувањето

Блесок бр. 76, јануари-февруари, 2011
      критика: Осум прошетки низ наративните шуми

Блесок бр. 87, ноември-декември, 2012
      критика: Прослава на животната енергија






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+