Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Динко Делиќ




Динко Делиќ е роден на 2 ноември 1957 во Славонски Брод, Хрватска. Гимназија завршил во Градачац (Босна и Херцеговина), а Филолошки факултет во Белград (Србија). До 1993 год. работел во Градачац како професор по литература, истовремено пишувал, се занимавал со музика и со театар. Од 1993 живее во Тузла. Соработува со различни медиуми и со невладини организации.
Како член на Jazz Big Band на РТВ Тузла, Делиќ имал повеќе забележителни настапи. Работел и како музички продуцент за млади рок-групи. Бил првиот музички уредник во редакцијата на Независно радио Хајат Тузла (БиХ). Од 1997 е тренер во Дебатниот центар на Босна и Херцеговина за имплементација на Карл Попер дебатата за средните училишта во БиХ. Оттогаш континуирано учествува во дебатните емисии „За и против“ на Редакцијата за младинска програма на РТВ БиХ. Уредник е на литературното списание Diwan.
Ги објавил следниве наслови: „Ограбениот саркофаг“, 1998 и „Босанска книга на мртвите, 2001. Објавува песни, куси раскази, есеи и литературни студии, во разни весници и списанија: Књижевна критика, Путоказ, Књижевна ревија, Мост, Блесок, Лица, Forum Bosnae, Бехар, Албум, Одјек, Иза, Хрватска мисао, Просвјетни лист, Колапс и Diwan.



Блесок бр. 22, август-септември, 2001
      есеи: Те сакам, слатко суштество






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+