Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Влада Урошевиќ




поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач. Роден во Скопје 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје хабилитирал во 1981 година, а докторирал во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, на кој од 1988 година е редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1961 година.
Автор е на книгите: Еден друг град (поезија, 1959), Невиделица (поезија, 1962), Вкусот на праските (роман, 1965), Манекен во пејзажот (поезија, 1967), Летен дожд (поезија, 1967), Знаци (раскази, 1969), Врсници (критики и есеи, 1971), Ноќниот пајтон (раскази, 1972), Ѕвездена терезија (поезија, 1973), Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975), Сонувачот и празнината (поезија, 1979), Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980), Лов на еднорози (раскази, 1983), Компасот на сонот (поезија, 1984), Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985), Хипнополис (поезија, 1986), Подземна палата (есеи, 1987), Демони и галаксии (студија, 1988), Панична планета (поезија, 1989), Алдебаран (записи и патописи, 1991), Митската оска на светот (критики и есеи, 1993), Ризиците на занаетот (поезија, 1993), Мојата роднина Емилија (роман, 1994), Паники (поезија, 1995), Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996), Париски приказни (записи и патописи, 1997), Астролаб (критики и есеи, 2000), Дива лига (роман, 2000). Составувач е на антологиите: Црниот бик на летото (1963), Француска поезија - ХХ век (1972), Црна кула (1976), Современа македонска поезија (на српскохрватски, 1978), Космос в амбар (на холандски јазик, 1980), Кула (на узбечки јазик, 1981).
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ (1967, 1973 и 1986), „Григор Прличев“ (1974 и 1989), „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ - Тетоец“ и на „Младост“ и „Нолит“.


Книги од Влада Урошевиќ во издание на Блесок:


thumb

Рассказы

Раскази од Влада Урошевиќ, еКнига, на руски.


thumb

Раскази

Раскази од Влада Урошевиќ, еКнига, на македонски.


thumb

Компасот на сонот

Поезија од Влада Урошевиќ, еКнига, на македонски.


thumb

Le compas du rêve

Поезија од Влада Урошевиќ, еКнига, на француски.




Блесок бр. 06, јануари, 1999
      поезија: Лоши соништа

Блесок бр. 17, октомври-ноември, 2000
      проза: Многу куси раскази

Блесок бр. 28, септември-октомври, 2002
      галерија, осврти: Слоевите на македонската почва во сликите на Глигор Чемерски






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+