Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Јордан Плевнеш




поет, драмски писател. Роден е на 29 октомври 1953 година во с. Слоештица, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет во Скопје и на истиот магистрирал на темата „Македонската народна драма“ Од 1985-1988 г. работел во Институтот за македонска литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил уредник на „Мисла“ од 1980-1985 г. Предавал креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети (Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, Универзитетот на Тексас во Далас, Универзитетот Јел и Универзитетот Орсе во Париз. Сега е амбасадор на Република Македонија во Франција. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ.

Автор е на книгите: Теорија на отровот (поезија, 1980), Еригон (драма, 1982), Мацедонише цуштенде и Југословенска антитеза (драми, 1987), Р (драма, 1987), Бесовскиот Дионис (студија, 1989), Драми (1989). Драми (1996), Подземна република, Безбог, Среќата е нова идеја во Европа (драми, 1992-1998).

Добитник е на наградите: „Студентски збор“, Наградата на XXIII МЕСС-Сараево за најдобар драмски текст, Вонредна награда на Стериино позорје и други меѓународни книжевни признанија.


Книги од Јордан Плевнеш во издание на Блесок:


thumb

P

Драма од Јордан Плевнеш, еКнига, на македонски.


thumb

R

Драма од Јордан Плевнеш, еКнига, на англиски.

Превод: Соња Клима и Кевин Бојл.




Блесок бр. 27, јули-август, 2002
      театар, текст: Р






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+