Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Илинденка Петрушева




Филмски критичар, есеист. Родена 1944 година во Горна Џумаја, Р. Бугарија. Школување во Скопје и Загреб. Од 1972 година уредник на филмската редакција во Домот на младите во Скопје (денес Младински културен центар).
Таа е еден од основачите на Кинотеката на Македонија во 1974 година. Таму работи с# до периодот од февруари 1999 до август 2001 година, кога е назначена за советник на Министерот за култура за кинематографска и драмска дејност. По тој период повторно се враќа во Кинотеката на Македонија, каде работи како советник-филмолог.
Од повеќето општествени ангажмани ќе ги спомнеме: Претседател на Кино-сојузот на Македонија (во неколку наврати), Генерален секретар на Сојузот на филмските критичари на СФРЈугославија (1977-1979), во повеќе мандати член на Советодавниот комитет за култура и уметност на Институтот Отворено општество Македонија итн. Еден е од основачите на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Член е на македонската секција на филмски критичари и член на ФИПРЕСЦИ (Меѓународна асоцијација на филмските критичари FIPRESCI).
Во Кинотеката работи на повеќе истражувачки проекти од историјата и теоријата на филмот во Македонија. Учесник е на повеќе научни симпозиуми од областа на филмот. Долги години е уредник на Кинотечен месечник, а денес е главен и одговорен уредник на списанието за историја и теорија на филмот Кинопис. Соработник е во повеќе енциклопедиски изданија: Филмска енциклопедија – книга 1 и 2 (Југословенски лексикографски завод „Мирослав Крлежа“, Загреб 1986), Македонска енциклопедија за деца (Детска радост, Скопје 1990), Македонска енциклопедија за млади (Детска радост, Скопје 1995).
Објавува и во периодиката: Филм-Фокус, Просветена жена, Вечер, Културен живот, Денес, Премин… Има објавено преку 300 рецензии, осврти, коментари… Објавувала и во специјализирани филмски списанија во Франција, Австрија, Турција, Русија, Југославија, Хрватска, Словенија, Бугарија, итн.
Објавени дела: Филмолошка библиографија 1944-1954 (Кинотека на Македонија, Скопје 1991) и Филмографија на македонскиот аматерски филм 1935-2000 (Кино-сојуз на Македонија, Скопје 2000).



Блесок бр. 06, јануари, 1999
      галерија, осврти: „Маклабас“

Блесок бр. 09, јуни-јули, 1999
      галерија, осврти: Tango Querido, Tango Argentino

Блесок бр. 12, јануари, 2000
      галерија, осврти: Такси

Блесок бр. 17, октомври-ноември, 2000
      галерија, осврти: Се случи кино

Блесок бр. 35, март-април, 2004
      галерија, осврти: Подвижното кино на Министерството за просвета






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+