Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Игор Мароевиќ




Игор Мароевиќ е роден во 1968 година во Врбас. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград.
Ги има објавено романите Измамата на Бога („Стубови културе“, 1997) и Дваесет и четири ѕида („Стубови културе“, 1998). Белградското Драмско позориште ја има ставено во својата програма за 2002/03 година драматизацијата на Мароевиќевиот втор роман Дваесет и четири ѕида што, според драмската адаптација на Саша Маркуш, треба да ја режира Жанко Томиќ. Збирката раскази Трагачи исто така ја има објавено во издавачката куќа „Стубови културе“ во 2000 година. Уредник е на едицијата „Роман“ во издавачката куќа „Александрија прес“ и помошник на главниот и одговорен уредник на списанието „Библиотека Александрија“. Соработник е на љубљанска „Апокалипса“, на екс-југословенскиот „Балканис“, како и на загрепските списанија „Либра Либера“ и „Кворум“. За еден од последните броеви на спомнатиот „Кворум“ приредувач е на краток избор од современата српска проза. Последниве две години Игор Мароевиќ живее во Барселона, каде што на Универзитетот Аутонома е запишан на програмата за постдипломски студии по компаративна книжевност.


Книги од Игор Мароевиќ во издание на Блесок:


thumb

Трагачи

Раскази од Игор Мароевиќ, еКнига, на македонски.

Превод: Петар Волнаровски.


thumb

Tragači

Раскази од Игор Мароевиќ, еКнига, на српски.


thumb

Трагачи

Збирка раскази од Игор Мароевиќ (2005)

Превод од српски: Петар Волнаровски

Едиција Урбан флуид, книга 08  




Блесок бр. 29, ноември-декември, 2002
      проза: Пераст






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+