Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Благоја Ристески - Платнар




Благоја Ристески - Платнар (5 март 1949 – Прилеп 2004) - драмски автор
Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1975). Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.
Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998).
Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996).
Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик.


Книги од Благоја Ристески - Платнар во издание на Блесок:


thumb

Лепа Ангелина

Драма од Благоја Ристески - Платнар, еКнига, на македонски.


thumb

Lepa Angelina

Драма од Благоја Ристески - Платнар, еКнига, на англиски.

Превод: Драги Михајловски и Ричард Гофрен.




Блесок бр. 30, јануари-февруари, 2003
      театар, текст: Лепа Ангелина






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+