Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Звонко Танески




Звонко Танески (1980), поет, научник, книжевен критичар, есеист, книжевен преведувач, редактор. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (2002). Остварил студиски престој на Универзитетот во Перуџа, Италија (2003). Докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот Коменски во Братислава, на Катедрата за словачка литература и литерарна наука, во научната област „Теорија и историја на словачката литература“, а со тема од модерната словачка поезија: „Модели на метафорична слика во поезијата на Јан Ондруш“ (2007, PhD.). Подоцна уште докторирал и на Катедрата за превод и толкување на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра со тема од областа на словачко-македонските книжевни и културни врски (2008, PhDr.). На братиславската катедра ги предавал периодично предметите „Преглед од историјата на јужнословенските литератури“ и „Современа словачка поезија“ (2005-2007). Работел и како прв лектор по македонски јазик и литература на Катедрата за словенски филологии, на Филозофскиот факултет при Универзитетот Коменски во Братислава, Словачка (2004-2007).
Почесен член е на Клубот на независните писатели на Словачка (од 2006 година) и член на Европската мрежа за книжевна компаратистика (Rèseau europèen d´ètudes littèraires comparèes / European Network for Comparative Literary Studies) од 2009 година.
Во 2007-2008 година работел како научен и стручен советник во Институтот за светска литература при Словачката академија на науките во Братислава. Од 2007 година работи и како научен кадар во Институтот за проучување на културното наследство на Кирил и Методиј на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра. Од 2008 година почна да работи и како лектор по македонски јазик и литература на Катедрата за словачки јазик на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра.
Добитник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Тој е и организатор и делегат на педесеттина литерарни конференции и фестивали низ Европа, а исто така и раководител и соработник на неколку меѓународни научно-истражувачки проекти. Бил еден од уредниците на македонското електронско списание за книжевна херменевтика Мираж (www.mirage.com.mk), а сега е еден од уредниците на словачкото академско списание за културно наследство и историја на славистиката – Константинови писма (од 2008 година). Во 2009 година му беше доделена висока словачка државна награда за научни достигнувања и за исклучителни публикации од страна на ректорот на Универзитетот во Нитра.
Поетски книги: Отворени врати (1995), Хорот на гнилите лисја (2000), Срт (2003).
Лингвистички трудови: Мал лексикон на помалку познати зборови и изрази (ко-автор, заедно со Лилјана Угриновска, 2003), Македонско-словачки прирачник за конверзација (2006).
Книжевно-научни монографии: Metaforickè modely obraznosti v poèzii Jána Ondruša (Nitra, 2008) и Slovensko-macedónske literárne a kultúrne vzťahy (Bratislava, 2009).
Научен редактор на словачките академски публикации: Duchovnè, intelektuálne a politickè pozadie cyrilo-metodskej misie pred jej príchodom na Veľkú Moravu (Nitra, 2007), Poznávanie kultúrneho dedičstva sv. Cyrila a Metoda (Nitra, 2007), Význam kultúrneho dedičstva sv. Cyrila a Metoda pre Európu (Nitra, 2008) и Európske kontexty interkultúrnej komunikácie (Nitra, 2009).
Преводи и препеви на македонски јазик – на избрани творби од авторите: Пол Рикер и Ричард Палмер (од англиски), како и Рудолф Фабри, Владимир Рејсел, Јан Брезина, Павел Бунчак, Јан Рак, Јулиус Ленко, Штефан Жари, Павел Виликовски, Јан Замбор, Милан Рихтер, Станислава Хробакова – Репар и Мартина Грманова (од словачки). Заедно со Станислава Хробакова-Репар превел и објавил и неколку избрани книжевни текстови од македонски на словачки јазик од авторите: Катица Ќулавкова, Стево Симски, Игор Исаковски, Јовица Ивановски и Лидија Димковска.
Негови песни, есеи и културолошки согледби се уште преведени и објавени на англиски, италијански, словенечки, српски, албански, бугарски, чешки, есперанто и словачки јазик.


Книги од Звонко Танески во издание на Блесок:


thumb

Чоколада во портфолио

Поезија од Звонко Танески, еКнига, на македонски. 

За поетот-номад светот е едно големо, достапно и препознатливо „семиотичко искуство“.


thumb

Чоколада во портфолио

Поезија од Звонко Танески (2010)

Едиција Бореа, книга 24

За поетот-номад светот е едно големо, достапно и препознатливо „семиотичко искуство“.




Блесок бр. 31, март-април, 2003
      критика: Комуникативниот статус на „романот - пајажина“

Блесок бр. 33, јули-август, 2003
      критика: Постмодерниот теориско-естетички систем на Жан Франсоа Лиотар

Блесок бр. 41, март-април, 2005
      поезија: Папараци

Блесок бр. 74, септември-октомври, 2010
      есеи: Заклучни согледби за поезијата на Јан Ондруш

Блесок бр. 99, ноември-декември, 2014
      критика: ВИСТИНСКИ ПОЕТСКИ ВОДОТЕК






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+