Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание

Бранко Цветкоски




поет, литературен критичар, есеист, преведувач. Роден е на 21 јуни 1954 година во с. Слатино, Охридско. Работел како новинар во културната рубрика на весникот „Нова Македонија“. Бил главен уредник во книгоиздателството Култура од Скопје и на списанието за литература, уметност и култура Стремеж од Прилеп. Бил претседател на Советот на Рацинови средби. Сега е директор на Македонскиот народен театар во Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1984 година. Бил секретар на Македонската писателската асоцијација.
Автор е на книгите: Свијок (поезија, 1981), Високи ветрови (поезија, 1985), Пластови и глас (критики, 1989), Пресна пепел (поезија, 1990), Возбудени македонски дијалози (интервјуа, 1990), Подарена сол (избор поезија, 1991), Обетки од ѕвезди (поезија за деца, 1991), Дела и доблести (критики и есеи, 1992), Молитвен веј (поезија, 1993), Не отвора секогаш тој - зборот (тематски број на Стремеж, 1993), Небесни места (аудио касета, 1996), Критички загледувања (критики и есеи, 1996), Повисоко од животот (критики и есеи, 1997), Синори (поезија, 1998), Ноќник (избор поезија, 1998), Ек и одек (критики и есеи, 1999), Името. Родот. Имотот (поема, 2000), Скрб (поезија, 2002)
Добитник е на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.


Книги од Бранко Цветкоски во издание на Блесок:


thumb

Небесни места (избрани песни)

Поезија од Бранко Цветкоски, еКнига, на македонски.


thumb

Источна ноќ

Поезија од Бранко Цветкоски, еКнига, на македонски.


thumb

Heavenly Places (selected poems)

Поезија од Бранко Цветкоски, еКнига, на англиски.


thumb

Nuit d'est

Поезија од Бранко Цветкоски, еКнига, на француски.

Превод: Наташа Ѓондева.


thumb

13 български поети

Избор и белешки: Бранко Цветкоски, еКнига, на бугарски.


thumb

13 бугарски поети

Избор, препев и белешки: Бранко Цветкоски, еКнига, на македонски.


thumb

13 Bulgarian Poets

Избор и белешки: Бранко Цветкоски, еКнига, на англиски.




Блесок бр. 07, февруари-март,1999
      поезија: Источна ноќ дрочи






50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+